17 Декември, 2025
0.0382

(ВИДЕО) Шешељ најави враќање во политика – ќе ги урива Вучиќ и Николиќ

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2014 20:55

Добивај вести на Viber

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, кој денеска се врати од притворот на Хашкиот трибунал, најави враќање на српската политичка сцена. Иако само привремено ослободен од Трибуналот од хуманитарни причини, односно заради влошената здравствена состојба, во своето прво обраќање во Белград Шешељ најави намера да ја урне актуелната власт во Србија. „Браќа и сестри, Хашкиот трибунал на брутален начин ме исфрли од ќелијата во Шевенинген. Ниту барав, ниту поставија некои услови, туку сакаа што побрзо да се ослободат од мене“, рече Шешељ и вака го објасни своето „привремено“ ослободување: „Тоа привремено ќе трае се додека радикалите не ги соборат Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, отпадниците и српските предавници, кои ја продадоа својата чест и карактер и станаа слуги на западните сили. Кога предавничката Напредна партија дојде на власт, ниту еднаш не го поставија прашањето за нелегалноста на Хашкиот трибунал“, рече Шешељ пред неколку стотини приврзаници што го пречекаа пред седиштето на неговата партија во Земун. „На Воислав Шешељ му посакувам добро здравје и доколку е болен, набрзо да оздрави“, рече српскиот премиер Александар Вучиќ, запрашан да го коментира враќањето на Шешељ од Хаг. http://www.youtube.com/watch?v=8UI02TSp7xc  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата