18 Декември, 2025
0.0388

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: Откриено како опасна бактерија стигнува до пилешкото месо!

Објавено во: Свет 24 Јули, 2014 13:37

Добивај вести на Viber

Тајни видео снимки, фотографии и инсајдери на британскиот весник Гардијан му откриле колку се кршат строгите хигиенски стандарди во преработката на пилешкото месо, кои имаат за цел да спречат месото да се контаминира со потенцијално смртоносната кампилобактерија. Доказите кои ги обезбедил Гардијан натерале неколку британски компании, меѓу кои и Теско, Сеинсбури и Маркс енд Спенсер да покренат истрага против своите добавувачи на пилешко месо. Имено, новинарите на Гардијан го истражувале случајот цели пет месеци, при што дошле до шокантни сознанија за огромни хигиенски пропусти во фабриките. Пропустите особено биле регистрирани во двете најголеми британски компании за преработка на живина: Ту Систерс Фуд Груп и Фаченда, кои снабдуваат најголем дел од маркетите низ Велика Британија со пилешко месо и преработки. Овие компании сега се соочуваат со бројни обвиненија, меѓу кои: пилешкото месо кое паѓа на подот неколкупати се враќа на производната линија, водата за чистење на пилињата не се менувала по неколку дена, па низ иста вода минувале и по 250.000 парчиња живина по колење, дефекти на машините кои предизвикуваат собирање на материјал со голем ризик во близина на месото. Според еден од инсајдерите кој прифатил да зборува, фабриките редовно ги игнорираат правилата за биосигурност кои треба да го спречат ширењето на кампилобактеријата во ладилниците. Иако слично како и листеријата која деновиве беше откриена во Македонија, се убива со готвење на висока температура, сепак околу 280.000 Британци годишно се заразуваат со кампилобактерија, од кои во просек околу 100 умираат. Во последната деценија тој процент се зголемува. Статистичките податоци покажуваат дека дури 80% од инфекциите со оваа опасна бактерија се предизвикани од пилешко месо. Еве што забележа скриената камера на Гардијан во фабриките: http://www.youtube.com/watch?v=tQjAeeaxIp0#t=538  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“