(ВИДЕО) Штајнмаер и Атиџе Муратова разменија тегли со мед
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2022 19:47
Во посета на Македонија овие два дена е германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој заедно со неговиот македонски домаќин, Стево Пендаровски денеска ја посетија Старата скопска чаршија.
Тие беа гости во работилница за изработка на филигран и имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на производство на накитот, потоа пиеја чај, а во Националната галерија „Чифте амам“ имаа средба со тимот од „Медена земја“ и проследија инсерти од филмот.
Штајнмаер во „Чифте амам“, се запона и со Атиџе Муратова со која си разменија тегли со мед. Муратова ја искористи приликата да му подари тегла од својот мед на високиот гостин кој, пак, ѝ возврати на идентичен начин и со идентичен подарок – тегла мед од негово производство од замокот Берлин.
Германскиот претседател вчера се обрати во Собранието и кажа дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи.
Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.Можеби ќе ве интересира
Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!
Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати
БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“
Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството
Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300
ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело
ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија
Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата
ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче





