(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО НЕГОТИНСКО: Камења и кал се слеваа по улиците
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2023 18:30
Силно невреме денеска околу пладне го зафати подрачјето на Општина Неготино. ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода.
Обилните врнежи од дожд предизвикале поплавување на неколку деловни објекти и куќа во селото Дисан.
Региналниот ЦУК Велес известува дека според информацијата добиена од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино, во текот на денот од 11.45 до 12.30 часот на подрачјето на Општина Неготино се случило невреме, пропратено со врнежи од дожд. Врнежите биле обилни и истите предизвикале поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН за којашто било реагирано на време од страна на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино и не дошло до прекин во електроснабдувањето. Исто така, во с. Дисан имало поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода. Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот, известува Центарот за управување со кризи.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




