21 Мај, 2024
0.0266

(ВИДЕО) Со што летаат Путин и Обама: Најмоќните претседателски авиони на светот!

Објавено во: Стил 21 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Претседателите ширум светот имаат на располагање специјално дизајнирани авиони како на шефовите на државите би им се обезбедило максимална удобност и безбедност во текот на службените патувања. Ви претставуваме само некои од претседателските авиони кои ги користат најмоќните луѓе на планетата. 1. Авионот на Барак Обама - Претседателот на САД Претседателот на САД Обама го има на располагање еден од најмодерните патнички авиони на светот ширум јавноста познат под името Erfors 1. Овој службен авион на претседателот на САД е посебно импресивен кога станува збор за електроника. Поседува 85 телефони, радио станици, 19 телевизори. Авионот има можност во текот на летот да прими гориво. Во авионот се наоѓа целосно опремена аптека како и мини операциона маса. Тука е секако и доктор кој секогаш оди со посредник. Овој авион чини околу 325 милиони долари. Но тоа не е крај. Имено Erfors 1 е официјалното име за 2 авиони. Да, два идентични кои се на располагање на првиот човек на Америка. Инаку овој авион може да функционира и како подвижен бункер ако се процени дека претседателот е загрозен на земјата. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gd-yjm6uTYc[/embed] Со еден резервоар може да заобиколи буквално пола свет. Пристап до овој авион немаат ни многу високи политички претставници во САД. Дури ни електромагнетен пулс од нуклеарна експлозија не би можел да ги прекине телекомуникациите во авионот. Има вградени уреди за опструкција на непријателските радари како и за избегнување на непријателските ракети и проектили. Секако „подвижувањето“ на овој авион , секој претседателски лет е посебна воено безбедносна операција. 2. Авионот на претседателот на Русија Владимир Путин на располагање го поседува  iljušin IL-96-300PU(M1). Двата збора во неговото име, ПУ , значат „команден пункт“, бидјеќи претседателот на РФ во овој авион не само што може долго и удобно да престојува, туку и да ги извршува сите државни работи како да се наоѓа во Кремљ, вклучувајќи ја и командата над вооружените и стратешки сили на РФ. Ознаката М1 укажува дека се работи за модернизирана и унапредена верзија, во однос на претседателските авиони изградени во деведесетите, на кои летал Борис Елцин. avion-vladimira-putina-foto-ap-1429617298-644815 Државната воздухопловна флота во моментов се состои од 38 авиони и 19 хеликоптери и на располагање е на највисоките руски функционери, пред се членови на владата. За претседателот лично на располагање се два  Il-96-300PU(M1), а постојат и уште два слични , направени во 1995 по нарачка на Елцин. Вториот модерен пар „iljušina”, е направен специјално за Путин, под надзор и по технологија на британската компанија „Dajmonajt erkraft furnišings”. Вкупно, личната флота на Путин има 24 воздухоплови, т.е 13 авиони и 11 хеликоптери. Целокупната работа на грижа за државната флота е доверена на фирмата Специјални летачки одреди „Русија“ под непосредна контрола на кабинетот на Путин. Авио-базата на оваа компанија се наоѓа на московскиот аеродром „Vnukovo“. Во својот состав „Русија“ нема транспортни авиони, па за превозот на претседателските автомобили и останатиот терет користат авиони 224 од летачкиот одред, би можело да се каже дека ќерката -фирма на Министерството за одбрана на РФ. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nKYrwzZzR98[/embed] Претседателскиот „iljušin” е изграден во вкупно четири примероци во последните две децении и тие меѓусебно речиси не се разликуваат, кога се работи за технички параметри. Сите имаат вградено системи за зголемен домет, како и опремата за командување со вооружени сили и услови од нуклеарната војна. Конкретно, тоа значи дека претседателот може да има полна контрола над атомскиот „штит и меч“, дури и ако сите останати командни места се уништени. Во авионот постојат три бара, соба за одмор со три кревети, работен кабинет од 10 квадратни метри , купатило со туш кабина. Деловите на внатрешноста се направени од злато и драгоцен камен. Рамковната цена на еден авион е околу 150 милиони евра, а до крајот на следната година е планирана и испорака на уште еден, пет претседателски авион. Авионот е опремен така да може да ги поврзе не само претседателите, туку и целата влада, каде тие ќе имаат услови за состаноци и работа. Одвоените авион на одредиштето на претседателот се префрлаат на неговиот специјален автомобил  „mercedes S600 pulman gard”. Секако, не станува збор за еден автомобил, туку Путин има на располагање неколку идентични, со највисок степен на заштита. Според зборовите на упатените, ова возило може да издржи и мал нуклеарен удар. Мерцедесот на Путин и пратечките возила секогаш стигаат на аеродромот пред неговиот сопственик. Исто така, иако надворешно изгледаат исто, Путин користи различни возила во Москва и во странство. Во неговата придружба при посетата на странство обично има помеѓу 20 и 30  автомобили и мотоцикли. Дури и ако улиците не се затворени за сообраќај претседателската колона од безбедносни причини никогаш не застанува ниту на момент, без разлика на тоа дали на семафорот е црвено светло. Во колоната на Путин секогаш се најмалку уште два или три Мерцедеси, еден патнички, т.е џип и едно комбе, во кое се припадниците на неговото најтесно обезбедување и тие тесно ја опкружуваат лимузината на претседателот. Според наводите на руските медиуми, во придружбата речиси секогаш се наоѓа возило на медицинска помош, но тоа надворешно не се разликува од останатите.    

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“