15 Мај, 2024
0.0338

ВИДЕО: Србин открива каков е всушност животот во Северна Кореја

Објавено во: Свет 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Познато е дека Србите реагираат на неправда каде и да се наоѓаат, таков пример е и Алекс Вуловиќ кој има 25 години и е роден во Белград.

Тој моментално живее во Сиднеј, кадешто после објавување на сатиричен документарец за Северна Кореја станува многу популарен.

Тој неодамна ја посетил земјата за која светот многу малку знае, за како што вели, да им ги отвори очите на оние коишто ја гледаат од „американски агол“

Како студент на политички науки, имал потреба да го сними филмот поради глобалната неправда која и неговата родена земја Србија во минатото ја трпела со децении.

 Во почетокот на видеото се зборува за опасната држава која е водена од политиката на страшен диктатор.

Вуловиќ во видеото објаснува што знаеме за државата. Како факт го истакнува тоа дека и дете од 5 години точно знае кој е лидер во Северна Кореја.

Тој посочува дека во Северна Кореја ништо не е нормално, дури ни досадните работи не се нормални.

 „Фризурите предизвикуваат големо внимание со тоа што мора сите да наликуваат на фризурата која ја има лидерот Ким Џонг Ун“, изјави Вуловиќ и додава дека иако секојдневно медиумите не „преплавуваат“ со вести за диктаторскиот начин на живот во земјата, тоа не значи дека сите луѓе веруваат во тоа.

 Затоа се решава да ја посети државата и да провери дали идентичната фризура е вистинита.

Во документарниот филм тој го додава и видеото кадешто го потстижуваат, за кое што вели дека апсолутно сам си избрал како ќе му биде новата фризура, а потоа го објавува и на својот youtube канал.

 Вуловиќ во своето видео зборува и за затворите. Тој посочува дека скоро сите коментираат дека во Северна Кореја можеш да одиш зад решетки и ако ништо не направиш.

Тој додава дека тоа е стара вест, и како најатрактивна ја посочува Америка како држава која поседува најмногу затвори.

 После десетици илјади прегледи следуваат и многу посети по телевизиите каде објаснува дека не можел повеќе да чита за лагите коишто се пласираат во медиумите.

„Имав потреба да одговорам на некој прашања, баш како што правеле и моите родители после бомбардирањето на Србија, пред 18 години. Тогаш имав 7 години и се сеќавам на искривените слики за србите и се тоа што се пласирало низ медиумите на запад“, посочува Алекс.

Тој истакнува дека навикнал да го патува светот без голема организација, менува превозни средства, многу пешачи а со тоа и ги открива различните култури. Сепак признава дека патувањето за Северна Кореја е сосема подруго.

„Задолжително одевме со нивни водичи, не бев толку слободен како што сум навикнат. Таму поминав 7 дена прекрасни без оглед на лошите приказни“, вели Вујовиќ.

 Алекс за крај додава дека следен документарец кој се подготвува е за тероризмот во Австралија.

Во продолжение можете да го погледнете видеото:

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“