16 Декември, 2025
0.0495

(ВИДЕО) Средниот прст на Јанис Варуфакис кон Берлин се покажа како фалсификат

Објавено во: Балкан 19 Март, 2015 09:36

Добивај вести на Viber

Германски телевизиски презентер призна дека го фалсификувал видеото, каде што гледа како грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис покажува среден прст за Германија, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Јан Биомерман, водител на сатирична програма „Neo Magazin Royale“ во јавната телевизија „ZDF“, изјавил дека од неделата наваму очекувал некој да се поврзе со него, за да им објасни за автентичноста на материјалот, но никој не го направил тоа.

Телевизијата „ARD“ емитуваше видеоснимка од 2013 година, во која Јанис Варуфакис, кој ја презеде функцијата министер за финансии на Грција во јануари оваа година, покажува недостоен гест кон Берлин за време на неговото предавање во Хрватска. За време на настанот Варуфакис вели дека би било подобро Грција да банкротира во 2010 година, отколку да ги прифати условите на спасувачката програма на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

На видеоснимката, објавена во средата вечер на интернет страницата на „ZDF“, Биомерман, насмеан, признава дека навредувачкиот гест бил креиран од него. Потоа тој објаснува како се манипулира со записот.

Случајот предизвика скандал, на кој се додаде дополнителна тензија и без тоа ги затегнаа односите меѓу Германија и Грција. Самиот Варуфакис негира категорично дека покажувал среден прст и изјави дека видеото е монтажа.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени