(ВИДЕО) СРЕЌА ШТО ЛУЃЕТО НЕ БИЛЕ ВНАТРЕ - како се лулаше викендичка во Маврово
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2020
Снимка од викендичка во Маврово, кое беше епицентарот на првиот земјотрес кој не разбуди вчера наутро, на која се гледа како буквално се тресе сè, се појави утрово на Јутјуб канал.
Снимката е направена од безбедносна камера во викендичката, а денеска таа е и јавно објавена.
Епицентарот на земјотресот беше на 8 километри од Вруток, поточно во село Леуново, Маврово, со јачина од 5 степени според Рихтер, на длабочина од 8,5 километри. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и во Албанија. Засега не е познато дали се причинети материјални штети низ нашата држава.
Погледнете го видеото.
Земјотресот не само што ги вознемири граѓаните, туку и животните во Зоолшоката градина во Скоје, кои испуштаа вознемирувачки звуци, за што исто така осамна вдео на социјалните мрежи.