(ВИДЕО) Светското фудбалско првенство ќе „заглави“ во сообраќаен хаос?
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2014 12:11
Бразил подготвува Светско фудбалско првенство какво што немало до сега. Но, не во позитивна смисла. На само неколку дена до официјалниот старт на Мундијалот, кулминира хаосот и незадоволството на работниците, оставајќи го потполно парализиран сообраќајот, особено во најбројниот град Сао Паоло.
Додека фудбалските фанови од целиот свет се упатуваат кон бразилските стадиони, треба да бидат подготвени на неочекувани главоболки, па дури и можност да ги испуштат натпреварите!
Штрајкот на подземната железница во Сао Паоло продолжува на неодредено, објави синдикатот на вработените, кои бараат 12,2% покачување на платите. Компанијата, пак, која е во сопственост на државата им нуди помалку од 9%.
http://www.youtube.com/watch?v=J2YfIDp4UP0 Синдикатот не се поколеба ниту откако судот донесе одлука да го прогласи штрајкот незаконит и да одреди казна од 130.000 евра за секој ден поминат во штрајк почнувајќи од денеска.„Владата им објави војна на работниците. Подобро им е да седнат со нас и да разговараат затоа што нема да има превоз за време на Светското првенство“, се заканија од Синдикатот, од каде најавуваат жалба на судската одлука.
Железницата во Сао Паоло секој ден превезува 4,5 милиони луѓе, па штрајкот предизвика хаос во сообраќајот и колони долги над 200 километри. За само ѕри дена во овој град треба да се отвори Светското фудбалско првенство. На арената Коринтијанс првиот натпревар ќе го играат Бразил и Хрватска, а таму треба да се игра и полуфиналето.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




