16 Јануари, 2025
0.0254

(ВИДЕО) ТАГА ВО АЛБАНИЈА ДЕН ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Илјадници останаа без дом, има уште и затрупани

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Најмалку 27 мртви и повеќе од 650 повредени, е најновиот биланс од земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој ја погоди Албанија, каде денес е Ден на жалост, а знамињата на институциите се спуштени на половина копје.


Тоа беше најсилниот земјотрес кој ја погоди Албанија во последните 40 години, а после првиот удар следеле уште 250 дополнителни потреси. Властите рано утринава потврдиле дека се најдени телата на уште четири жртви. Инаку, се трага за уште 10 до 15 луѓе.


Во Драч, вториот по големина град во Албанија, над стотици граѓани ноќта ја поминале надвор.


Спиеле на фудбалскиот терен во шатори и автомобили. Албанскиот премиер Еди Рама ветил дека спасувачите ќе продолжат „стрпливо и темелно да трагаат до крај“, пренесе БиБиСи.

ТЕШКА ЗАБЛУДА ИЛИ ОСНОВАНА ЗАГРИЖЕНОСТ - Мета во јули предупреди за силен земјотрес, никој не му веруваше

Земјотресот е регистриран во 3,55 часот во вторникот во Драч, 36 км од Тирана а на видео снимките можеа да се видат урнатите згради. СиЕнЕн пренесува дека околу 45 лица се спасени од урнатините.


Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу соопштила дека повеќе од 650 луѓе се повредени, од кои деветмина се животно загрозени. Според неговите зборови, 65 лица се задржани во болниците. Министерката кажала дека службата за вонредни ситуации примила 1 200 повици за помош.


Спасувачите синоќа од урнатните извлекле 24-годишна личност. Успеале да извлечат и 30 годишна жена, но таа после неколку часа починала. Под урнатините животот го завршила и нејзината ќерка. Жителката на Драч Букури Морина и нејзиното десетчлено семејство им се придружила на илјадниците други кои ноќта ја поминале на фудбалскиот стадион.

-Се плашиме да се вратиме во станот-рекла таа.


ФОТО: ЕПА/АП

Можеби ќе ве интересира

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ДЕТЕТО ВО ЗАГРЕБ: Два фактори им отежнуваат на спасувачите

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ДЕТЕТО ВО ЗАГРЕБ: Два фактори им отежнуваат на спасувачите

(ВИДЕО) ПОТРАГА СО ДРОНОВИ И ЧАМЦИ ВО ЗАГРЕБ: Мајка со детето влегла во Сава, па пријавила дека детето се удавило

(ВИДЕО) ПОТРАГА СО ДРОНОВИ И ЧАМЦИ ВО ЗАГРЕБ: Мајка со детето влегла во Сава, па пријавила дека детето се удавило

ЗАБРАНА ЗА ВОЗИЛА ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2011 ГОДИНА: Албанија презема мерки за почист воздух

ЗАБРАНА ЗА ВОЗИЛА ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2011 ГОДИНА: Албанија презема мерки за почист воздух

ПУХОВСКИ: Mожно е луѓето кои во неделата гласале за Милановиќ, да се степаат некаде во кафeана

ПУХОВСКИ: Mожно е луѓето кои во неделата гласале за Милановиќ, да се степаат некаде во кафeана

АЛБАНИЈА ДOЖИВУВА ТУРИСТИЧКИ БУМ: Колку странци ја посетиле земјата лани?

АЛБАНИЈА ДOЖИВУВА ТУРИСТИЧКИ БУМ: Колку странци ја посетиле земјата лани?

ВУЧИЌ САКА НА РЕФЕРЕНДУМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДАЛИ ИМА ПОДДРШКА ОД НАРОДОТ: За другите ова е игра и шоу

ВУЧИЌ САКА НА РЕФЕРЕНДУМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДАЛИ ИМА ПОДДРШКА ОД НАРОДОТ: За другите ова е игра и шоу

ПАДНАЛА ФАСАДА, ИЗЛЕТАЛ ПОКРИВ ОД БАЗЕН: Бура ја зафати Црна Гора

ПАДНАЛА ФАСАДА, ИЗЛЕТАЛ ПОКРИВ ОД БАЗЕН: Бура ја зафати Црна Гора

Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“

Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“

ШТО ГО ЧЕКА МИЛАНОВИЌ: Во следниот мандат од пет години не смее да има непријателска кохабитација со Владата, особено околу воените прашања

ШТО ГО ЧЕКА МИЛАНОВИЌ: Во следниот мандат од пет години не смее да има непријателска кохабитација со Владата, особено околу воените прашања