Добивај вести на Viber
Два авиони со првите тела на загинатите во малезискиот авион МХ17, кој беше соборен во Украина, стигнаа на аеродромот во Ајндховен, Холандија.
Двата воени транспортни авиони, еден холандски и еден австралиски, ги пренесоа телата на 40 жртви од украинскиот град Харков. На аеродромот ги пречекаа семејствата на загинатите, холандскиот премиер Марк Руте и членовите на холандското кралско семејство.
http://www.youtube.com/watch?v=vuJusP1FL6A
Од аеродромот телата се пренесуваат во воена база, каде одново ќе се врши потврда на нивната идентификација врз основа на ДНК анализа, стоматолошки картони и отпечатоци на прсти.
http://www.youtube.com/watch?v=nEu3igECh-w
Во Холандија денеска е ден на жалост за трагичната несреќа во која животот го загубија 298 патници и членови на екипажот на малезискиот авион, од кои дури 193 се холандски државјани. Неделава во Холандија треба да стигнат околу 200 тела на загинати патници.
http://www.youtube.com/watch?v=vQWUwt6BvHg
Делови од телата на настраданите во малезискиот авион и натаму се наоѓаат на местото на падот на авионот, објави набљудувачката мисија на ОБСЕ.
„Има посмртни останки кои не се однесени“, вели портпаролот на мисијата Мајкл Бочијуркив. Тоа би можело да ги објасни несовпаѓањата во врска со бројот на пронајдените тела. Според украинските власти, со воз од Торез за Харков биле префрлени 282 тела, додека холандските експерти пребројале само 200.
„Сосема сме сигурни дека во возот имаше само 200 тела. Каде се останатите? Тоа нќе биде предмет на идна истрага“, вели норвешкиот амбасадор во Украина Јан Туиндер.
Набљудувачите на ОБСЕ виделе делови од човечки тела на најмалку две локации на подрачјето на кое се наоѓаат остатоците на авионот и биле изненадени што никој не ги собира. Наспроти тоа, на местото на несреќата биле забележани промени, затоа што бил преместен трупот на авионот.