(ВИДЕО) ТРАМП ВО ПОРТОРИКО: Критики затоа што им фрлаше хартиени ролни на луѓето
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп при посетата на Порторико, земја погодена од ураганот Марија, предизвика гнев откако фрлаше хартиени ролни на луѓето.
„Има многу љубов во оваа просторија“- кажа Трамп.
Една од првите со кои Трамп и неговата сопруга Меланија се сретнаа по слетувањето во порториканската престолнина Сан Хуан беше градоначалничката на градот Кармен Јулин Круз, која повеќе пати го критикуваше американскиот претседател за наводно недоволно покажаната загриженост за невољите на американската територија.
Трамп во изминатите шест недели мораше да се справи со последиците од ураганите Харви, Ирма и Марија. Тој пофали досегашната федерална помош на Порторико, но на прес конференцијата одржана на островот истакна дека природните катастрофи создаваат преголем притисок врз американскиот буџет.