(ВИДЕО) ТРИЛЕР НА НЕБОТО: Погледнете како авионот во кој беше Николиќ два км паѓал во амбис!
Објавено во: Балкан 18 Април, 2015 18:44
Своевиден небесен трилер се одвивал вчера на утринскиот лет на државниот српски „фалкон“ кој го превезувал претседателот на Србија и неговите соработници за Рим, на средба со папата Фрањо во Ватикан. Само секунди го делеа леталото од пад со висина од 10 000 метри на просторот на Босна и Херцеговина, но таа трагедија е избегната благодарение на присебноста на пилотот Петар Ромчевиќ.
На авионот му пукнал едниот мотор, откако почнал стрмно да паѓа два километри кон земјата. Бидејќи пилотот го стабилизирал, го вратил за Белград.
Српскиот претседател Томислав Николиќ не бил расположен опширно да ја опишува драмата над Црна Гора.
-Фала Богу, добро е , кратко порачал шефот на државата.
Советникот на претседателот Николиќ, Оливер Антич, кој бил меѓу патниците, сведочи за српски курир дека состојбата била многу драматична.
-Верувајте ми, не беше ниту малку пријатно, дури ни на мене, кој како млад бев стјуард, па авионите малтене ми се како трамвај. Леталото во еден момент почна да паѓа со носот кон земјата, стјуардесите паднаа на под, а жените од нашата делегација почнаа да бегаат од страв, што е и разбирлива реакција - вели Антиќ.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OIszl5NoCdE[/embed]Според неговите зборови, дури и во тие драматични моменти имало црн хумор.
-Рков дека ќе биде штета што ќе нема кој да ми говори на погребот, на што претседателот на Србија Николиќ се насмеал. Рекол дека овој авион единствено бил сигурен додека со него се возел кралот Александар. За среќа, пилотот бил исклучително присебен и професионален и успеал да го спаси авионот, после што не врати за Белград - наведува Антиќ.
На прашањето дали може да се говори за диверзија и дури и атентат на претседателот тој одговорил:
Знаете, кога се работи за претседател на држава, секоја можност треба да се земе предвид, па и диверзија. Јас лично не мисла,, но знам дека комисијата која го истражува целиот случај ја испитува можноста која вие ја споменавте - смета Антиќ.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




