(ВИДЕО) Турски авион ја промашил пистата
Објавено во: Свет 04 Март, 2015 09:59
Авион на компанијата „Туркиш Ерлајнс“ за маку ќе се урнал на аеродромот во Катманду, блиску до Непал, а слетувањето на патниците не им било ни најмалку пријатно.
„Ербас А330“ се излизгал по пистата која била многу лизгава по дводневните врнежи на дожд и магла после што летот завршил во полињата поред пистата.
Сепак, според извештајот на контролата за летање, авионот на турската компанија ја промашил централната писта за слетување, пробал да се врати на централната точка, но сепак слетал меѓу аеродромот и пистата за полетување и подготовка.
Предниот дел од авионот е многу оштетен, а леталото останало заглавено по самиот пад.
Засега нема пријавено никакви озбилни повреди, а во авионот во тој момент на несреќа имало 238 патника.
Официјалните лица велат дека лошите временски услови и слабата видливост биле причините за несреќата, меѓутоа, не наведуваат во каква состојба била пистата и дали воопшто било можно безбедно слетување.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




