(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА ЦЕЛ ВО ЛУГАНСК: Гореше складиште со нафта
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2024
Украинските сили погодија складиште со нафта во регионот Луганск.
Беспилотни летала на Вооружените сили на Украина ноќеска нападнаа складиште со нафта во градот Ровенки во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).
Како што соопштија локалните власти, една цистерна со гориво се запалила, а во нападот со беспилотно летало нема жртви, пренесува РИА Новости.
„Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека украинската армија погодила складиште за гориво и мазиво во близина на градот Ровенки во „привремено окупираната територија на Луганскиот регион“, пренесува украински Интерфакс.
Нападот го извршија силите на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина во соработка со други компоненти на одбранбените сили.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле 17 беспилотни летала над Краснодар, 12 над Курск, две над Белгород, додека други 16 биле соборени покрај брегот на Азовското Море.
Украина редовно ги гаѓа руските складишта со нафта и оружје, во окупираната територија, но и на руско тло.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруати 2022 година.
BAVOVNA at the Russian oil depot in Rovenky, Luhansk region. pic.twitter.com/dyYmBfQ0Rb
— MAKS 24 (@Maks_NAFO_FELLA) October 12, 2024
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.