(ВИДЕО) УРАГАН ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО АМЕРИКА: Маж со кајак се движи низ собата
Објавено во: Свет 27 Септември, 2024
Невреме зафати делови од САД. Ураганот Хелена, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида, а засега се знае дека има шест жртви.
Жител на Флорида за Си-Ен-Ен изјави дека сметал дека невремето нема да биде сериозно.„Бурата започна прилично бавно, но бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна да се крева и водата влегуваше“, рече Хелер.
Тој oбјави видео на кое се движи низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија и мебел.
Домот на овој човек и претходно бил поплавуван.Ураганот ги зафати и Џорџија, Јужна Каролина, централна и западна Северна Каролина и делови од Тенеси. Официјалните лица се плашат дека ќе бидат откриени повеќе жртви бидејќи невремето ја опустоши Флорида со ветрови со брзина од 225 км/ч.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.