(ВИДЕО) УЖАС ВО КОЛУМБИЈА: Свлечиште однесе 254 животи, над 200 исчезнати
Објавено во: Свет 02 Април, 2017
Обилни дождови во градот Мокоа на југозападот од Колумбија предизвикаа поплави и свлечишта во кои 254 луѓе го изгубиле животот, додека над стотина престрашени жители, меѓу кои некои биле уште во пижами, со мака се евакуирани.
Свлечиштата предизвикани со излевањето на неколку реки од коритото носеле со себе делови на карпи и камења, загрозувајќи вчера куќи и патишта во главниот град на југозападната провинција Путумајо, додека автомобили останале заглавени, пренесува Ројтерс.
Војската соопштила дека во оваа катастрофа загинале 254 луѓе, додека околу 400 се повредени, а 200 лица се водат како исчезнати. Повеќе од 1 100 војници и полицајци се повикани да помогнат во спасувањето на луѓе во загрозените места.
Погледнете што се случува таму: