(ВИДЕО) УЖАСНА ТРАГЕДИЈА ВО ШВЕДСКА: Се превртел школски автобус полн со деца, има загинати
Објавено во: Свет 02 Април, 2017
Три луѓе загинале, а 25 се повредени од кои најмалку шест тешко, кога во Шведска се превртел автобус полн со деца.
Како што се пренесува автобусот со 52 ученици излетал од патот и се превртел околу 7 часот утрово кај градот Свег.
Со 52 деца во автобусот биле и седум возрасни, пест наставници и возачот на автобус. Како што се наведува децата од западот на Шведска патувале кон скијалиште.
Причина за несреќата засега не е позната, а некои медиуми пренесоа дека патот бил замрзнат кога се случила несреќата.
„Знаеме дека слетале од патот. Не знаеме повеќе за тоа во овој момент“ , изјавиле од полицијата.