16 Декември, 2025
0.0846

(ВИДЕО) ВАКА ТАГУВААТ БРАЗИЛЦИТЕ: Револт и бес по поразот со кој не можат да се помират!

Објавено во: Свет 09 Јули, 2014 13:14

Добивај вести на Viber

Откако Германија ги пеплоса соништата на милиони Бразилци нанесувајќи им го најголемиот пораз во историјата на Светското фудбалско првенство, полицијата мораше да интервенира на улиците на неколку бразилски градови за да го спречи насилството и немирите. По поразот од 7-1 од Германија во полуфиналето на Светското првенство синоќа, на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро се случил невиден хаос. Крадци се обиделе да го искористат невниманието и очајот на бразилските навивачи и се фрлиле на масовни грабежи, кои на крајот резултирале со пукотници и интервенција на полицијата, по што навивачите во стампедо и паника ја напуштиле плажата. http://www.youtube.com/watch?v=PEBWtpFgaJA До немири дошло и во Сао Паоло, каде што лутите навивачи својот бес го изразиле палејќи еден градски автобус. http://www.youtube.com/watch?v=j7JULapWr9k#t=12 Во Бело Хоризонте, градот во кој се играше катастрофалниот натпревар за бразилската фудбалска селекција, полицијата морала да интервенира и да уапси неколку лица. http://www.youtube.com/watch?v=zOEZTORXbck#t=21 „Ништо немам во животот веќе. Бразилец сум и сум понижен. Сакам да се убијам“, рекол еден од бразилските навивачи, демонстрирајќи како фудбалскиот пораз вчера се претвори во вистинска национална трагедија за оваа земја.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“