26 Јуни, 2024
0.0371

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Варна – невидени поплави со жртви и урнатини

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Исклучително тешка е состојбата во Варна. Според потвредни информации има девет жртви помеѓу кои две деца.

Има една жртва во Добрич, а тројца се водат како исчезнати.

Уште една жртва на поројните дождови е пријавена во Аспарухово, чие тело е откриено во автомобил близу до каналот пишува репортер на бугарски „Фокус“. Во моментот Варна е затворена за вршење на итни настани. Тим на нуркачи на морнарицата ќе изврши целосен преглед на каналот.

Според зборовите на градоначалникот на Варна Иван Портних бројот на жртвите најверојатно ќе се зголемува.

Болна жена во кревет е исчезната заедно со креветот на кој лежела. Нејзината куќа била целосно урната.

Од соседните куќа останале само темелите. Во неа имало две деца и жена, кои во моментов се водат како исчезнати. Луѓето се во шок. Продолжува потрагата по исчезнатите.

Во градот е прогласен ден на жалост. Нема информации што е причината што дошло до оваа катастрофа. Стихијата била исклучително силна- превртувала автомобили и комбиња. За да се спасат, луѓето се качувале по покривите на нивните куќи.

Во раскажувањата на очевидци бранот дошол одеднаш, ги наполнил речните корита и ги однел куќите во близина.

Во последните 15 години речниот канал не била чистен. Во него имало пораснати дрвја високи околу 7-10 метри.

Од Варна градоначалникот Иван Портних објасни дека нормалата на врнежите за Варна е 53 кубни метри месечно. Тие сепак се излеале само за неколку часа.

Сериозните врнежи почнаале околу 18 часот во четврток, а станало јасно дека ситуацијата е загрижувачка кон 20 часот. Не  престанало да врне цела ноќ.

Спасувачките екипи работеа до 3 часот и успеале да ги исчистат главните патишта. Работата им била отежната поради прекините на струја.

Тешки машини ги расчистуваат улиците во Варна, но ситуацијата останува сложена, коментира за бугарски „Фокус“ министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации Данаил Папазов.

Во моментов се наоѓам на улицата „Белогород“ заедно со работници од Пристаништето во Варна и со неколку машини ги расчистуваме автомобилите, кои се натрупани на крајот на улицата и ги вадиме од водата.

„Помагаат и луѓе од станбените блокови, но ситуацијата е многу тешка. Страшно - многу кал и насипи. Работат тешки машини на пристаништето, но ситуацијата е комплицирана“, посочи министерот Данаил Папазов.

Се очекуваат информации за тоа што им треба на луѓето во населбата Аспарухово.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори на Халкидики, хеликоптери се борат со огнената стихија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори на Халкидики, хеликоптери се борат со огнената стихија

ВУЧЕВИЌ: Србија е „апсолутно подготвена да разговара со Приштина“ и да „направи компромиси“

ВУЧЕВИЌ: Србија е „апсолутно подготвена да разговара со Приштина“ и да „направи компромиси“

АКО ОДИТЕ НА ОДМОР ВО ЦРНА ГОРА, ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОЛКУ Е КВАЛИТЕТНА ВОДАТА ВО МОРЕТО: Еве што покажуваат најновите истражувања

АКО ОДИТЕ НА ОДМОР ВО ЦРНА ГОРА, ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОЛКУ Е КВАЛИТЕТНА ВОДАТА ВО МОРЕТО: Еве што покажуваат најновите истражувања

„ПЕКОЛОТ“ ВО ГРЦИЈА ОДЗЕМА ЖИВОТИ: Починаа шест туристи

„ПЕКОЛОТ“ ВО ГРЦИЈА ОДЗЕМА ЖИВОТИ: Починаа шест туристи

НАЈУБАВИ ЕЗЕРА ВО ЕВРОПА: На листата се најдоа четири од Балканот

НАЈУБАВИ ЕЗЕРА ВО ЕВРОПА: На листата се најдоа четири од Балканот

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

Фајненшл тајмс: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра

Фајненшл тајмс: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра

ДАЛИ БЛАЖИЌ ИМАЛ ПОМОШ, ГО ЧЕКАЛ АВТОМОБИЛ? Мештаните откриваат нови детали од ужасниот масакр во Младеновац

ДАЛИ БЛАЖИЌ ИМАЛ ПОМОШ, ГО ЧЕКАЛ АВТОМОБИЛ? Мештаните откриваат нови детали од ужасниот масакр во Младеновац

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ГРЦИЈА: застој на обиколницата кај Солун кој ќе трае подолг период

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ГРЦИЈА: застој на обиколницата кај Солун кој ќе трае подолг период