(ВИДЕО) „Закопаното богатство“ може да биде ваше
Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2014 12:49
Започна аукцијата и интернет продажбата на златниците вредни 11 милиони долари, кои еден калифорниски пар ги пронајде случајно шетајќи го песот, за кои пишуваше В92.net.
Минатата недела на аукцијата во Сан Франциско златник од 1984 година е продаден за 15.000 долари. На аукцијата беа понудени уште неколку такви, додека најголемиот дел од вкупно 1400 пронајдени златници, се продаваат преку сајтовите „Amazon.com“ и „Kagins.com“.
Анонимниот пар кој го пронајде „закопаното богатство“ сепак ќе задржи неколку златници за себе.
Парите кои ќе ги заработат од продажбата на златниците, после покривањето на сметките, ќе ги донираат во добротворни цели, додека заработката од оваа недела ќе ја донираат за реконструкција на стара ковачница во Сан Франциско која би требало да биде претворена во музеј. Во тој простор би требало да бидат изложени и 60 златници од пронајдената колекција.
Потеклото на пронајдените златници се`уште не е познато. Експертот кој ја изврши проценката на пронајдени златници и кој управува со нивната продажба вели дека постојат теории кои богатството го поврзуваат со крадецот на кочии Црн Барт, легендарниот Џеси Џејмс, но и со грабежот на веќе споменатата стара ковачница во Сан Франциско.Секако веќе се појавија луѓе кои тврдат дека пронајденото богатсво им припаѓа на нивни далечни роднини, а една жена дури се заканувала со тужба.
Сепак, надлежните тврдат дека ниту една од споменатите теории засега не се покажа како сигурна.Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




