Добивај вести на Viber
Чекањето во редици за новите модели на мобилните телефони Ајфон пред 5-6 години можеби беше забавно - голем број љубители на оваа компанија и нејзините производи со часови и со денови се редеа пред продавниците за да бидат меѓу првите кои ќе си го добијат новиот уред од Епл. Кога продавниците ќе отвореа во 8 часот наутро во возбудената толпа настапуваше вистинско воодушевување.
Но, видео снимката која беше објавена на Јутјуб од стартот на продажбата на Ајфон 6 пред неколку дена, покажува дека ситуацијата сега е прилично поинаква и ни малку не е весела. Иако во редовите и натаму се наоѓаат голем број љубители на Ајфон, сепак има се повеќе такви на кои чекањето во редици им е само можност за заработка. Затоа се почесто се гледаат слики на бездомници кои се платени да чекаат во редиците наместо богатите.
Годинава во редиците пред продавниците на Епл во Њујорк биле забележани и многу постари Кинези, кои чекале со денови за да го купат новиот Ајфон 6 и веднаш потоа да им го предадат на други лица.
Се смета дека за оваа појава е виновна кинеската мафија во САД, која принудува постари лица и мајки со деца од кинеска националност да застанат и да чекаат во ред за паметниот телефон што секако не можат да си го дозволат. Проценките се дека дури пет милиони телефони Ајфон од најновите модели ќе бидат прошверцувани во Кина, каде на црниот пазар Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус би можеле да се продаваат по цена повисока и од 2.500 долари за телефон.
Видеото, освен оваа тажна слика на депресивни луѓе искористувани од кинеската мафија, откри уште еден тренд - полициска бруталност. Имено, на снимката се гледа полицаец кој луѓето ги прашува дали некогаш слушнале за сапун и потоа на многу брутален начин се обидува да уапси жена која пред продавницата спиела во вреќа за ѓубре.
http://www.youtube.com/watch?v=Ef_BznBwktw#t=21