ВИДЕОЛОТАРИЈА – КАСИНОС АВСТРИЈА СО ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2025 15:04
Во рамки на проектот „Играј одговорно“, на 11 ноември 2025 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, се одржа едукативнo предавање, со цел подигнување на свесноста кај младите за ризиците и опасностите од прекумерно играње игри на среќа.
Настанот беше реализиран со поддршка од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, во соработка со Здружението на лекувани зависници. Целта на предавањето беше да ја зголеми информираноста за последиците што може да ги предизвикаат прекумерните и неконтролирани активности поврзани со игрите на среќа, како и да промовира навремена превенција.
Говорници на трибината беа:
• прим. д-р Павлина Васкова, специјалист невропсихијатар,
• д-р Оливера Суботин Поповска, психијатар,
• д-р Бехие Хухии,
• м-р спец. Илинка Васкова, психолог.
Стручниот тим ги сподели своите професионални искуства и релевантни факти поврзани со зависностите, потенцирајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и едукацијата на јавноста. Присутните имаа можност активно да учествуваат, поставуваат прашања и дискутираат со говорниците.
Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано работи на поставување и унапредување стандарди кои обезбедуваат одговорно приредување игри на среќа. Фокусот е ставен на намалување на ризиците за играчите, особено за ранливите категории граѓани.
Како прва компанија во оваа дејност што системски ја развива политиката на одговорно играње, ДВЛМ преку едукација и превенција активно се залага за спречување на негативните последици од прекумерно учество во игрите на среќа, истакнувајќи ја значајната општествена улога на одговорното играње и одговорното приредување.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





