ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ПОДДРЖА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ НА СПОРТСКО РАДИО
Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2022 15:41
Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа триесеттиот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио. Турнирот годинава ќе има меѓународен, но и хуманитарен карактер, а ќе се реализира во сабота на терените на „Куќата на фудбалот“.
Македонските фудбалски и новинарски легенди, ќе се обединат со своите колеги од поранешните југословенски простори во сабота на турнирот, со кој Спортско радио ќе го одбележи својот јубилеј, три децениска медиумска работа.
Горан Пандев, Кочо Димитровски, Саша Чириќ, Вујадин Станојковиќ, Наумче Мојсовски, Пеце Наумовски, Драги Цветинов, Јовче Џипунов, се само дел од тимот кој ќе ја претставува македонската репрезентација. Ќе добијат засилување од естрадата од Калиопи, Никола Ристановски и други.
Во меѓународната програма, покрај селекциите на Македонија, ќе се појават и селекциите на БиХ, Србија, Хрватска, а помеѓу спортски легендите кои ќе играат за овие репрезентации ќе ги видиме Саво Милошевиќ, Драгиша Биниќ и Марко Млинариќ.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно#ИграјСоНајдобрите
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




