(ВИЕО-ФОТО) Русија се простува со Борис Немцов
Објавено во: Свет 03 Март, 2015 11:19
Во Москва денеска ќе биде погребан, Борис Немцов, опозицискиот политичар и најгласниот критичар на политиката на претседателот Путин. Комеморацијата ќе биде отворена за сите граѓани на Москва и ќе трае неколку часа во Центарот за човекови права, Андреј Сахаров, по што ќе следи погребот на гробиштата Тојекуровској.
Глевниот сведок на крвавото злосторство, неговата девојка, украинката Ана Дурицкаја се вратила во својата земја, а нејзиниот адвокат соопшти дека таа дала опширна изјава во полицијата. Борис Немцов беше убиен во петокот во близина на Кремељ.
Руските власти забранија влез во земјата на високите претставници од Полска и од Летонија кои имаа намера да присуствуваат на денешната погребна церемонија во чест на Немцов. Летонската европратеничка, Сандра Калниете информираше дека е задржана на аеродромот Шерметјево, додека претседателот на полскиот Сенат, пак, Богдан Борусович соопшти дека руските власти не му издале виза за влез во земјата.
Забрана за присуство на погребот на Немцов има и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој во моментов е во 15 дневен притвор. Неговото барање за привремен излез, како што вели, е децидно одбиено.
Руските тајни служби се обидуваат да разјаснат колку луѓе учествувале во подготовката и спроведувањето на неговото убиството. Тие не ја исклучуваат можноста основните нараачтели да биле придружени со „контролори“, кои имаат задача да ги пресметаат последиците и политичкиот ефект од убиството на Немцов.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки








