ВИКЕНДОВ БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Метеоролозите велат температурите ќе се искачат до 43 степени
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2024 13:28
Екстремно топлиот Африкански бран кој ја зафати нашата Македонија, но и целиот Балкански Полуостров, викендов ќе зема замав, па така температурите ќе бидат уште повисоки и насекаде во Македонија тие ќе бидат екстремно високи. Екстремно висок ќе биде и Ув индексот со вредност 10.
Метеорологот Славчо Попоски вели дека температурите викендов ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено температурата може да надмине и 40 степени. Тука се и тропските ноќи и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде и преку ноќта, како и во раните утрински часови температурите нема да се спуштат под 20 степени.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во недела попладне и тоа во западните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на краткотрајно невреме.
Поради екстремно високите температури, но и поради екстремно високиот Ув индекс апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Фото:ПиксабејМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




