Виктор Димовски зад затворени врати објаснуваше како Онишченко добил македонски пасош, документите биле класифицирани
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2022
Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која присуствуваше директорот на АНБ, Виктор Димовски, денеска се одржа зад затворени врати.
Димовски пред почетокот на седницата, со која раководеше пратеникот Љупчо Пренџов, побара новинарите да излезат од салата затоа што документите кои ќе ги презентирал за тоа како контроверзниот Олександр Онишченко добил македонски пасош, биле од класифициран карактер.
Пет пратеници го прифатија предлогот, а немаше ниту еден против или воздржан, по што медиумите мораше да ја напуштат салата.
Димовски рече дека дополнително по завршувањето на седницата ќе даде изјава пред новинарите за тоа што се зборувало зад затворени врати.