Виктор Орбан: ЕУ со санкциите кон Русија си пукаше себе си во нога!
Објавено во: Свет 25 Август, 2014 18:38
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој смета дека Европа со воведувањето на санкциите на Русија „си пукала себе си во нога“, изјавил дека од останатите членки на ЕУ ќе побара поддршка за подобрување на односите со Москва.
Орбан на годишното обраќање на амбасадорите на Унгарија предупредил дека е против понатамошно отуѓеност од Москва, на која ЕУ и воведе санкции поради состојбата во Украина.
„ЕУ секој ден се повеќе се оддалечува од Русија, што е лошо не само за Унгарија туку и за цела ЕУ. Мораме да побараме други членки на ЕУ заинтересирани за забавување или запирање на овој непопуларен процес на сепарација“, истакнал Орбан и додал дека, бидејќи централноевропските и источноевропските земји не можат да постигнат консензус по ова прашање, не можат заедно ни да дејствуваат.
Орбан нагласил дека Полска и балтичките земји прашањето Русија пред се го сметаат за безбедносно прашање, што не е случај со Унгарија, која на Москва гледа како на бизнис соработник.
„Вредностите се битни, бидејќи НАТО и ЕУ имаат заеднички вредности, но тоа не значи дека кон земјите надвор од нашите сојузи треба да се однесуваме врз основа на нивната политичка култура, институција, демократија или други ставови“, рекол Орбан.
Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




