Винариите собраа 90 отсто од годинешното грозје
Објавено во: Агробизнис
10 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Повеќе од 90 отсто од грозјетооваа година заврши во винарските визби. Откупот на грозје годинава помина без проблеми ниту за цената, ниту за откупените количества од страна на винариите. Според податоците, околу 120 милиони винско грозје влегло во винариите, а 15 милиони килограми отидоа за извоз.
- Со лозарите и винарите начелно се договоривме дека треба да имаме дијалог и за двете страни да бидат задоволни. Винарите годинава се позадоволни од лани, а далеку позадоволни се и лозарите. Оваа година ќе биде репер за тоа како треба да се организира откуп на грозје, со коректен однос меѓу лозарите и винарите. Минатата година можеби храбро пред лозарите изјавив дека 2012 ќе биде година на лозарите, изајви заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, кој денеска се сретна со лозарите во кавадаречкото село, Сопот
Минатата година се извезе 970 милиони хектолитри, што е 50 проценти повеќе од 2005 година кога девизниот прилив бил 27 милиони евра, а сега тој изнесува преку 45 милиони евра годишно. Податоците покажуваат дека во првите шест месеци од годинава извозот на вино е зголемен за 14 проценти во однос на истиот период лани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.