22 Ноември, 2024
0.0273

Винаријата Пуклавец ќе биде вистински амбасадор на фините македонски црвени вина

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Дане Јованов е директор на винарската визба Пуклавец лоцирана во околината на Неготино, „бутик“ винарија на познатиот словенечки инвеститор кој во потрага по лозја за квалитетни црвени вински сорти, својата работа ја проширува во македонското виногорје. Како доктор по енологија, со богато образование и професионално искуство во најголемите винарии во државата, своето знаење го вложува во словенечката семејна винарија Пуклавец. Од позиција на експерт, директор, член на управен одбор и главен енолог за црвени вина на ниво на групација, Јованов зборува за винаријата Пуклавец, новите словенечки црвени вина од македонско грозје што ќе се продаваат на светските вински пазари и за предностите што оваа винарија ги носи за македонското виногорје.


Фактор: Г. Јованов, словенечката винарија Puklavec Family Wines веќе извесно време е сопственик на едни од најдобрите лозови насади во Македонија. Би сакале да дознаеме повеќе за концептот, стратегијата и што значи ова како бизнис потег за овој вински бренд.

Д.Јованов: Да, семејните вина "Пуклавец" се присутни во Македонија од 2011 година и поседуваат “бутик” винарија на сончевите ридови во близина на селото Дисан, непосредно надвор од Неготино. Имаше сè поголема потреба од развој на производство на црвено вино за семејната винарија Пуклавец, а бидејќи во Словенија климатската состојба не е толку податлива за производство на црвени вина, одлуката беше да се инвестира во производство на црвени вина во Македонија. Со оваа инвестиција, групата создаде цврста основа за производство на црвено вино како дел од портфолиото, со што се гради дополнителна вредност за целокупниот бренд на семејната винарија Пуклавец.

Фактор: За винаријата во Словенија се врзува интересна семејна приказна, меѓутоа, се истакнува и со својата иновативност во самото конструирање на винаријата, изградена и дизајнирана на 7 ката, од кои пет се под земја. Што значи ваквата скалеста поставеност во однос на самата технологија на производството?

Д.Јованов: Нашата винарија не е ни голема ниту мала. Големината е совршена за да може да ги следи или дури и да постави вински трендови, бидејќи целиот производствен процес добро го поддржува природниот начин на производство на вино, што подразбира минимални интервенции кон грозјето и многу внимание во развојот и созревањето на виното. Ова бара добро опремена визба со оптичка селекција, услови за преточување по пат на гравитација, контролна атмосфера и така натаму, што во многу случаи значи посебна уникатна опрема. За кратко време, основната идеја за целиот концепт кога станува збор за производство на вино е како да се изрази уникатниот вкус на индивидуалното лозје без да се наруши виното пред да се сипе во шишиња за продажба.

Фактор: Винаријата потекнува и е лоцирана во познат словенечки вински регион, зошто беше потребно проширувањето во Македонија?

Д.Јованов: Семејната винарија Пуклавец е познат и почитуван вински бренд од Словенија, каде што се произведуваат само бели и пенливи вина. Со време како што винаријата растеше на меѓународните пазари, растеше и потребата за пласман на црвено вино. Климатските услови во Штајерска Словенија, од каде што потекнува винарската визба, се совршени за бело грозје, но не толку добри и за црвено. Мотото на винарската визба е врвен квалитет на вината и затоа што за црвено грозје не беше можно да се најде соодветна состојба во рамките на овој регион, беше решено да се бараат можности надвор од земјата. Македонија секогаш е почитувана кога станува збор за производство на црвено вино и на некој начин беше логично да се бараат можности во нашата земја и истовремено да се најде посебно место во најдобро познатиот вински регион (Тиквешко виногорје). Ова е на кратко зошто денес ја имаме винарската визба во Дисан.

Фактор: Винаријата е претставена како една од најуспешните и најбрзорастечка винарија во Словенија. Каде сè се присутни Puklavec Family Wines и што ги прави посебни?

Д.Јованов: Во последните 10 години семејните вина Пуклавец се фокусирани на највисок квалитет на сегмент на вина и извоз на меѓународни пазари. Со стилот на вината (свежи, овошни, ароматични) вратите беа отворени за западноевропските пазари во првата фаза, а подоцна продажбата се прошири и во цела Европска Унија, Источна Азија, Русија, Јужна и Северна Америка. Свежината и минералноста со експресивен вкус во комбинација со добрата структура и тело на виното е она што потрошувачите го ценат во последниве години. Исто така, наградите како Decanter Platinum за најдобро словенечко бело вино, потоа најдобар Pinot Grigio од бизнис списанието Drink и многу други меѓународни награди и медиумски објави ја поддржаа нашата порака до потрошувачите.

Фактор: Дали со македонските винови лози (ќе) се произведува различен тип, категорија вино или посебен бренд од оваа винарија?

Д.Јованов: Со нашето црвено вино од Македонија ќе го претставиме брендот со името Инстинкт до крајот на 2019 година. Веруваме дека приказната за нашето црвено вино може да биде соодветно опишана и презентирана во посебен бренд, бидејќи тероарот и философијата на производство на вино се различни во нашата земја од оние во Словенија.

Фактор: Кои и какви се карактеристиките на виното создадено според технологијата на Puklavec Family Wines со македонско грозје?

Д.Јованов: Па, морам да кажам дека е спротивно на она што го произведуваме во Словенија. Ова е така затоа што во Словенија произведуваме освежувачки бели и пенливи вина, а кога станува збор за црвени вина, вината треба да бидат богати - во боја, сув екстракт, танини и најдобро да го одразат нашиот македонски тероар. По ферментацијата, вината се подложени на процес на созревање во дабови буриња и буриња за период од 12 до 18 месеци, а потоа се подготвени да бидат достапни на меѓународните пазари.

Фактор: Од економски аспект, што значи проширувањето на работата на винаријата во Македонија, во однос на вработувања, пласман на вината и меѓународна промоција?

Д.Јованов: За нас винарската визба во Македонија ќе биде “бутик” визба, која ќе претставува помалку од 10% од вкупното производство на семејната винарија Пуклавец, што е околу 5 милиони шишиња годишно. Големо значење ѝ даваме на емоционалната вредност, а во исто време винарската визба во Македонија што работи со производство на црвено вино е еден вид развој и инвестиција во иднината. Секогаш е важно да се задржи допирот со развојот на индустријата и напредокот. Со оваа инвестиција ќе можеме да го следиме тоа кога станува збор за производство на црвени вина и да имаме целосно портфолио на производи. Тоа е вид на мотивација за целиот тим. Македонија има фантастични услови за производство на црвено вино и би сакале да ги споделиме овие исклучителни вина со остатокот од светот. Нашето искуство од минатото со бели вина докажува дека е можно да се направи тоа. Македонското вино е уште еден предизвик, но ние сакаме предизвици.

Фактор: Кои би биле придобивките за македонските виногорја и воопшто за Македонија како земја производител и извозник на квалитетни вина?

Д.Јованов: Целата приказна кога станува збор за виното започнува со вино и лозови насади. Значи, ние почнуваме од основите и ако немавме таков соодветен тероар и тим од луѓе во Македонија, ќе беше невозможно да успееме. Во однос на придобивките, ние тесно соработуваме со земјоделците кои имаат лозови насади и имаме долгорочни договори за набавка на грозје, и плаќаме една од највисоките цени во земјата по килограм откупено грозје, што има директно влијание на локалниот економски раст. Од друга страна, користа за Македонија како производител и извозник на квалитетно вино е дека црвените вина што ги произведуваме во Дисан се достапни на најконкурентните меѓународни пазари, како што се Рио де Жанеиро и Флорианополис во Бразил, потоа на пазарите во Велика Британија, Полска, Германија, Русија, Холандија, каде што блиску соработуваме со бројни пазарни синџири, како што се Jumbo, Tesco, Waitrose, Auchan, Lidl, Aldi и така натаму и нашите вина се достапни за консумирање и на летовите преку авиопревозниците KLM, Virgin Atlantic и Adria Airways. Значи, би рекол дека ќе бидеме вистински амбасадор на фините македонски црвени вина.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации