19 Декември, 2025
0.0351

Вип го лансира новиот Самсунг Галакси Ноут Еџ

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2015 12:35

Добивај вести на Viber

Мобилниот оператор Вип го пушти во продажба новиот „ Samsung Galaxy Note Edge “ од последната серија „ Galaxy Note “, кој ја спојува напредната S Pen технологија и моќното визуелно искуство. Новиот телефон функционира и на 4Г ЛТЕ мрежата на Вип. Од Вип информираат дека телефонот од денеска е достапен по цена од 19.999 денари во Вип Фрее+ Нолимит+ со договор на 24 месеци. Телефонот поседува уникатен закривен екран кој им овозможува на корисниците нов интерактивен пристап до информациите, најчесто користените апликации и функции, едноставно и брзо со еден допир, дури и за време на гледање видеа без никакви пречки. Со Super AMOLED Quad HD дисплеј од 5,6 инчи и резолуција од 2560 X 1440, овозможува брза репродукција на јасни слики со интензивни и живописни бои, со изразен контраст. Големиот екран на Samsung Galaxy Note Edge обезбедува значително подобрено корисничко искуство и е одличен одговор на барањата на корисниците за полесно и побрзо реализирање на повеќе функции во исто време. Истовремено, со извонредниот Samsung Galaxy Note Edge со оперативен систем Android 4.4 (KitKat), корисниците можат да го изберат начинот на пристап до своите апликации, користејќи го целиот, поделен или pop up екран. Samsung Galaxy Note Edge поседува ултра моќен 2,7 GHz Quad-Core Processor кој овозможува користење на повеќе апликации или функции во истовреме. Новите материјали што се користени при изработка на екранот ја намалува можноста за оштетување и помага при заштеда на енергија. Дополнителен адут на новиот Samsung Galaxy Note Edge е опцијата за брзо полнење на батеријата. Galaxy Note Edge располага со задна камера од 16 мегапиксели и smart оптички стабилизатор за фотографиите, и се овозможува врвен квалитет и за фотографирање во движење и при слаба осветленост. Предната камера е од 3,7 мегапиксели и овозможува широко аголно сликање.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка