26 Ноември, 2024
0.0275

ВИРУСОТ СТИВНУВА: Граѓаните може достоинствено да ги прослават празниците, порачаа Филипче и Заев

Објавено во: Македонија 27 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев кои денеска присуствуваа на отворањето на фабриката Гересхајмер која ќе произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија, изјавија дека досегашните мерки даваат резултати и дека сега кога има опаѓање на епидемиолошката крива, граѓаните имаат можност празниците да ги поминат достоинствено.

-Рестриктивните мерки даваат резултати. Престанува притисокот во болниците, се намалува бројот нас приеми, како и на новодијагностицирани и сето тоа ни дава за право да кажеме дека стивнува овој бран. Сепак, внимателно ја следиме состојбата. Ние избравме умерени, избалансирани мерки кои придонесоа најмногу  за намалување на притисокот врз ковид-центрите. За разлика од бројот на пациенти на 7. 8. 9. април, сега веќе се ослободуваат одделенијата, рече министерот Филипче.

Инаку, заклучно со вчераниот ден во Македонија се вакцинирани 53.000 граѓани. 

-И покрај тоа што се пријавени и добиле термин, 20 до 30 проценти од граѓаните не се јавуваат на вакциналните пунктови, некои се јавуваат следниот ден. На териотријата на целата држава просекот е одприкила 20 до 25 птсто. Но, тоа не значи дека остануваат вакцините. Се отвораат онолку, колку што се пријавиле во текот на денот, односно кон крајот на денот. Доколку некој дојде, не се отвора вакцина и не остануваат уште тие 3-4 дози, туку на тие граѓани им се закажува термин за следниот ден, истакна Филипче.

Во однос на олабавувањето на мерките, премиерот Заев рече дека Комисијата за заразни болести мудро ги носи препораките и дека сега имаат можност да им овозмножат на граѓаните достоинствено да поминат претстојните празници.

-Комисијата за заразни болести работи стручно, навремено и пред се мудро би рекол, а тоа се гледа прво кога пред 22-23 дена, кога беше стигнат пикот на епидемиолошката крива да предложи да се затворат локалите и да се воведе полициски час од 20 часот, со конечна цел да се превенира пред празниците, но и да се одморат здравствените работници и да придонесе во намалиувањето на приемите во болниците, како и во намалувањето на севкупната бројка на новозаразените. Во моментот кога беше донесена таа одлука, бројките на заразени беа над 1500, а веднаш потоа следната недела бројките паднаа на околу 1200-1300, и во периодот што следеше бележевм,е континуиран пад од 800-900 новозаразени, ова значи дека мудроста во предлагањето знаењето имаат своја позитивна страна. Нашиот народ, генерално е по религијата, повеќе од 85 отсто се религиозни, и драго ми е што Комисијата но и кризниот штаб водат грижа за социјалниот и традиционалниот живот на граѓаните, без разлика дали се работи за православните христијани или за припадниците на муслиманската верска заедница и од тој аспект одржавме состанок со верските лидери, за да изменаџираме не само за Велигден, туку и за Рамазан Бајрам, да се изменаџира и влегувањето во храмовите, да се почитиваат мерките. Ако бидеме внимателни, ги почиутуваме мерките ќе продолжи и понатамошно олабавување на мерките, но доколку граѓаните премногу се опуштат и повторнои имаме неповолна епидемиолошка состојба, повторно ќе имаме заторање, логиката е таа. Сега во период кога имаме паѓање на бројот на новозаразени имаме можност да им овозможиме достоинствено, во кругот на семејството да ги дочекаат овие два големи верски празници, истакна Заев.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ