14 Декември, 2025
0.1198

Висар Ганиу доби две прекршочни пријави, и Касами е повикан во полиција

Објавено во: Македонија 15 Август, 2023 16:20

Добивај вести на Viber

Прекршочни пријави се поднесени против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. 

Градоначалникот денеска е повикан на разговор во Полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.

„Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата ‘Бит Пазар’ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни казни, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир“, рече Ганиу во изјава за медиумите пред ПС „Бит Пазар“.

Од Алтернатива реагираа со соопштение во кое стои дека во полиција покрај Ганиу бил повикан и лидерот на Беса, Билал Касами, а причина била иконографијата при посетата на премиерот на Косово.

На настаните во Чаир и Тетово не беа испочитувани македонските државни симболи. Во Тетово се вееше знамето на Голема Албанија. 

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека поднесе барања за поведување постапка против две општини и двајца градоначалници.

„Денеска (15.08.2023) Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К. Имено, за време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, г.Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија. Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон“, велат од полицијата. 

Полицијата продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на Голема Албанија и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат. Појавата на знаме на „етничка Албанија“ меѓу поддржувачите на Курти во Тетово, според неа, е само потег на одреден граѓанин. 

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово