05 Декември, 2025
0.0531

Виси Панорамското тркало?!

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2012 20:16

Добивај вести на Viber

Градот Скопје во документацијата за изградбата на Панорамското тркало да  ја наведе точната сума што ќе се потроши за овој проект,  побараа дел од членовите на градската локална комисија за еконмски развој. Поради ова на денешната седница на Град Скопје, точката беше симната од дневен ред.  Се додека не се знае колку точно пари ќе се потрошат за овој проект на Градот, не може да се дискутира за Предлог одлуката за изнаоќање на концесионер за изградба на Панорамскот тркало, мост и придружни објекти велат  дел од членовите на комисијата. Но, советниците од владејачката коалиција немаат намера да се откажат од проектот. - Се работи за пропусти од технички карактер во документацијата за  проектот, односно не е целосна, во оној момент кога документацијата ќе се комплетира точката повторно ќе биде ставен на некоја од седниците. Ние не се откажуваме од проектот, изјави Дафинка Саздова, координатор на советничкта група на ВМРО - ДПМНЕ Опозицијата пак смета дека  Градот треба комплетно да ја тргне оваа точка, односно да се откаже од трошењето пари за како што велат објекти кои не се од значење за Скопје. - Тоа е еден од проектите од Скопје 2014, и како таков не само од оваа седница треба целосно да се тргне . На Скопје не му требаат такви екскурзии , оти има поважни проблеми за решавање од Панорамското тркало.  Скопје има потреба од други мостови, а не од изградба на мост на реката Вардар за на него да се направи Панорамско тркало, тоа е небулозно и Градот треба да се откаже од овој проект, изјави Драги Давчевски, советник од СДСМ во Градот Скопје. За дел од советниците проблем се и концесиските услови во проектот, оти не се знае ниту со колку  средства ќе учествува Градот Скопје во овој проект ниту како е одредена  бројката 35 години за концесија, и по кој модел соинвеститорот ќе стопанисува. Советниците сметаат дека тркалото е небезбедно. - Што ако во еден момент надојде голема вода, поплава, а темелите на тркалото се во коритото на реката Вардар или има потрес, Скопје е трусно подрачје, што ќе се случи тогаш? Кој го направи проектот и пред Советот да донесе одлука за изградба, зошто беше презентиран во медиумите?, прашува Виолета Симиќ, советник во Град Скопје од СДСМ. Градот Скопје од буџетот за проектот одвои 500.000 евра,а допрва кога ќе се комплетира документацијата ќе се знае точно колку пари ќе чини изградбата на Панормаското тркало со придружните објекти и мостот.  Тркалото со висина од околу 60 метри, или колку една 20 спратна зграда ќе се гради на нов пешачки мост на реката Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“