12 Јуни, 2024
0.0276

Висок раст на профитот и силни перформанси во сите сегменти

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Групација Триглав на крајот на првиот квартал проценува дека ќе ги постигне годишните насоки за добивката

Групација Триглав, во Q1 2024-та година ефикасно го надмина недостатокот на премија за дополнително здравствено осигурување во Словенија. Групацијата значително го зголеми деловниот обем на другите сегменти, особено на сегментот неживот (раст од 12 отсто), a постигна раст и на пазарите во регионот Адриа (раст од 14 проценти) и поширокото меѓународно опкружување (раст од 19 отсто), воедно одржувајќи ги својата финансиска стабилност и силната капитализација. Заработката на Групацијата пред оданочување изнесува 43,3 милиони евра (раст од  153 проценти), а нето добивката изнесува 36,6 милиони евра (раст од 154 отсто). Имајќи ги предвид очекуваните деловни услови за остатокот од годината, на крајот на првиот квартал Групацијата проценува дека ќе го оствари планираниот годишен резултат. Управниот и Надзорниот одбор предложија на овогодинешното редовно Собрание на акционери, што ќе се одржи на 4-ти јуни, 2024-та година, да се одобри исплата на дивиденда од 1,75 евра бруто по акција, што претставува дивиденден принос од 5 проценти по тековната цена на акцијата.

Финансиски индикатори за Q1, 2024-та година

Вкупниот деловен обем на Групацијата во Q1 2024-та година изнесува 488,7 милиони евра, слично на истиот период минатата година. Кварталната добивка на Групацијата пред оданочување изнесува 43,3 милиони евра (Q1 2023-та: 17,1 милиони евра, индекс 253), а нето добивката на Групацијата изнесува 36,6 милиони евра (Q1 2023-та: 14,4 милиони евра, индекс 254). Заваровалница Триглав, матичната компанија на Групацијата, оствари добивка пред оданочување од 29,4 милиони евра (Q1 2023-та: 8,8 милиони евра, индекс 335) и нето добивка од 24,9 милиони евра (Q1 2023-та: 7,3 милиони евра, индекс 341).

Комбинираниот количник за сегментите на неживотно и здравствено осигурување, што ја покажува профитабилноста на овие два сегмента, изнесуваше поволни 87,9 отсто (11,0 процентни поени помалку споредено со истиот период минатата година). Новата деловна маржа на сегментот на животното осигурување изнесуваше 14,9 проценти, што е раст од 3,5 процентни поени во споредба со првиот квартал минатата година.

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Направивме многу ветувачки почеток оваа година, со забележително подобрување на резултатите на Групацијата во однос на минатата година. Врз основа на резултатите од крајот на првиот квартал, проценуваме дека ќе го постигнеме нашиот планиран годишен резултат, земајќи ги предвид очекуваните деловни услови за остатокот од годината. Групацијата Триглав во Q1, 2024-та година во голема мера го надмина недостатокот на премија за дополнително здравствено осигурување во Словенија, која што во првиот квартал  од2023-та година изнесуваше 11 отсто од вкупната бруто полисирана премија, преку  раст на премиите во другите класи на осигурување, како во регионот, така и на меѓународно ниво. Нашето работење во првиот квартал од 2024-та година беше под влијание на помалку интензивни штетни настани, што имаше позитивно влијание. Накратко, работевме добро во сите сегменти на двете дејности – осигурување и управување со средства – за што сакам да им се заблагодарам и на сите вработени во Групацијата Триглав“.

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА Q1 2024-та ГОДИНА

Групација Триглав е финансиски стабилна и соодветно ликвидна со силна капитална основа. Вкупниот биланс на состојба на Групацијата се зголеми на 4,2 милијарди евра (индекс 102) во однос на 31-ви декември, 2023-та година, додека вкупниот капитал изнесува 929,8 милиони евра (индекс 104).

Вкупниот деловен обем на Групацијата достигна 488,7 милиони евра (индекс 99), а бруто полисираната премија, која сочинува 92 проценти од вкупниот деловен обем, изнесува 448,7 милиони евра (индекс 99). Поради укинувањето на дополнителното здравствено осигурување, на словенечкиот пазар има намалување на полисираната премија за 10 проценти во однос на истиот период минатата година, додека на меѓународниот пазар и во регионот Адриа е забележан раст од 19 отсто и 12 проценти респективно. Во однос на географската структура на полисираната премија, Групацијата обезбеди 58,6 отсто од вкупната полисирана премија на осигурителниот пазар на Словенија (Q1 2023-та: 64,7 проценти) и 19,9 отсто на останатите пазари во регионот Адриа (Q1 2023-та: 17,5 отсто), додека учеството на меѓународниот пазар за осигурување и реосигурување се зголеми за 3,7 процентни поени на 21,5 проценти на годишно ниво.

Кварталната добивка на Групацијата пред оданочување изнесува 43,3 милиони евра (Q1 2023-та: 17,1 милиони евра). Најголемиот дел од нив, 38,3 милиони евра, се генерирани од осигурителната дејност (Q1 2023-та: 7,4 милиони евра), со висок раст во сите три сегменти, односно неживот, живот и здравје. Нето инвестицискиот резултат во извештајниот период достигна 5,2 милиони евра. На споредливиот резултат минатата година (11,3 милиони евра) позитивно влијаеше промената на резервациите за неостварување на гарантираниот принос (5,5 милиони евра), додека годинава немаше значително влијание (0,4 милиони евра). Урош Иванц, член на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, објасни: „Инвестицискиот дел од нашиот бизнис покажа силни перформанси во првиот квартал, првенствено поттикнат од растот на приходите од камати. Во сегментот на управување со средства, значително ги зголемивме средствата под управувањето со взаемните и пензиските фондови, како и дискреционите мандатни средства врз основа на нето-приливите и ефектите на пазарот на капитал, кои што обезбедија добри резултати“.

Вкупните средства под управување на Групацијата на 31-ви март, 2024-та година изнесуваат 5.162,7 милиони евра, што е за 6 отсто повеќе во однос на 31-ви декември, 2023-та година. Од нив, 3.508,8 милиони евра (индекс 103 во однос на крајот на 2023-та година) се однесуваа на сопствени средства и средства кај кои што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик, а со кои што компаниите на Групацијата управуваа. Структурата на ова портфолио е споредлива со таа на 31-ви декември, 2023-та година, при што најголемиот дел (52,8 проценти) опфаќа обврзници инвестирани на развиени пазари, од кои што повеќето имаат висок кредитен рејтинг. Одржливите инвестиции со фиксни приходи  достигнаа 267,4 милиони евра, што е за 2% повеќе во однос на 31-ви декември, 2023-та година, а нивното учество во вкупното портфолио на обврзници порасна на 11,3 проценти (31.12.2023: 11,1 отсто). Групацијата, исто така, управува со средства во заеднички и пензиски фондови, како и со дискрециони мандатни средства под индивидуално управување во износ од 1.542,6 милиони евра (индекс 115).

Годишната стапка на поврат на инвестициите на Групацијата (без средства кај кои што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик) изнесуваше 2 проценти, што е исто како и минатата година.

Останатите сеопфатни приходи изнесуваат 2,1 милиони евра (Q1 2023-та: 7,6 милиони евра). Урош Иванц, член на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, објасни: „Нема значајни промени во Q1, 2024-та година во врска со ревалоризацијата на финансиските инструменти и обврските за осигурување. Водиме грижа времетраењето на средствата и обврските да е соодветно усогласено, што резултира со релативно ниско нето влијание врз сеопфатната добивка“.

Перформанси по сегменти во Q1, 2024-та година

Сегмент Неживот: Вкупниот деловен обем на сегментот се зголеми за 12 отсто на 397,5 милиони евра. Приходите од осигурување пораснаа со иста стапка на 260,5 милиони евра, а нивниот раст произлегува од зголемувањето на обемот на осигурување, влијанието на минатите зголемувања на стапките на премиите врз зголемувањето на премијата и поголем обем на продажба на осигурување врз основа на принципот на слободен проток на услуги (FOS зделки). Настанатите штети се намалија за 6 отсто на 125,2 милиони евра на годишно ниво, додека трошоците за прибава и административните трошоци, вклучувајќи ги и трошоците, кои што не се припишуваат, пораснаа за 2% на 65,0 милиони евра. Комбинираниот количник на сегментот неживот изнесува поволни 89,5 проценти (Q1 2023-та: 98,8 отсто). Кварталната добивка пред оданочување изнесува 28,5 милиони евра (Q1 2023-та: 7,1 милиони евра).

Сегмент Живот: Вкупниот деловен обем на овој сегмент се зголеми за 5% на 59,6 милиони евра. Профитабилноста на новите бизниси достигна 14,9%, што е раст од 3,5 процентни поени на годишно ниво. Маржата за договорни услуги порасна за еден процентен поен на 224,7 милиони евра, додека учеството на маржата за договорни услугиза нови договори во вкупната  маржа за договорни услуги се зголеми за 0,6 процентни поени на 5,0%. Кварталната добивка пред оданочување изнесува 6,1 милиони евра (Q1, 2023-та: 3,5 милиони евра).

Сегмент Здравје: По укинувањето на дополнителното здравствено осигурување во Словенија, вкупниот обем на работа во Q1, 2024-та година се намали за 90% на годишно ниво на 5,0 милиони евра. Кварталната добивка пред оданочување беше позитивна и изнесува 4,2 милиони евра, главно поради влијанието на намалувањето на резервациите, како последица на укинувањето на дополнителното здравствено осигурување.

Управување со средства: Вкупниот обем на деловно работење изнесува 26,6 милиони евра (индекс 92); приходите од управување со средства (приходи од надоместоци) се зголемени за 16% на 11,2 милиони евра. Кварталната добивка пред оданочување изнесува 4,5 милиони евра, со намалување од 32% на годишно ниво, пред сѐ како резултат на ефектот од еднократните настани, кои што позитивно влијаеа на добивката во претходната година.

ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

Дивиденда и редовно собрание на акционери. Управниот и Надзорниот одбор НА Заваровалница Триглав предложија овогодинешното Собрание на акционери, кое што ќе се одржи на 4-ти јуни 2024-та година, да одобри исплата на дивиденда од 1,75 евра бруто по акција, или вкупно 39,8 милиони евра, што претставува дивиденден принос од 5% на моменталната цена на акцијата. Компанијата има за цел да ја спроведува својата политика за дивиденда доследно, а со тоа да ги исполни очекувањата на акционерите да биде стабилна, сигурна и профитабилна долгорочна инвестиција.

Сегмент Здравје. Во тек е процесот на спојување на Триглав, Здравствена заваровалница со Заваровалница Триглав, матичната компанија на Групација Триглав. Спојувањето ќе го поедностави и оптимизира работењето на Групацијата во здравствениот сегмент на словенечкиот пазар по укинувањето на дополнителното здравствено осигурување.

Финансиски индикатори на Групација Триглав во Q1, 2024-та година

  во милиони евра

Q1 2024

Q1 2023*

Index

Вкупен деловен обем(1+2)

488.7

494.5

99

Бруто полисирана премија (1)

448.7

454.4

99

Останати приходи (2)

40.0

40.1

100

Резултат од работењето во осигурување (1)

38.3

7.4

520

Приходи од осигурување

288.3

304.0

95

Настанати штети

130.5

186.2

70


ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА ФК "ВАРДАР"

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА ФК "ВАРДАР"

ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот?

Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот?

Најдобрите светски тимови повторно се гости на РФМ

Најдобрите светски тимови повторно се гости на РФМ

Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

Успешни приказни, врвни професионалци, млади лидери, размена на идеи – се одржа втората конференција „Чувари на мудроста“

Успешни приказни, врвни професионалци, млади лидери, размена на идеи – се одржа втората конференција „Чувари на мудроста“

Балансирана и здрава цревна флора со пробиотски јогурт

Балансирана и здрава цревна флора со пробиотски јогурт

СТРУЖАНЕЦ ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.891.340 ДЕНАРИ

СТРУЖАНЕЦ ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.891.340 ДЕНАРИ