27 Ноември, 2024
0.0385

Вистинско време за првиот детски македонски филм „Стела“

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Технолошка револуција, изолација, промени на вредности, политика, климатски промени, насилство, нарушени семејни односи, индивидуализам и сепарација.

Во време кога сме бомбардирани од негативни вести, македонската филмска сцена креативно прогресира и најавува нешто сосема поинакво, ново филмско дело кое му пркоси на мејнстрим секојдневието.


СТЕЛА е повеќе од филм” - објаснува режисерот Стојан Вујучиќ. 

Стела е семеен прирачник за хармонија,љубов и лекција за сите нас, вели тој.

Овој филм носи две клучни уникатности - првата дека е првиот долгометражен детски филм, а втората дека филмот СТЕЛА е прва еко или зелена продукција во Македонија. Според најновите светски еколошки стандарди за намалена емисија на штетни гасови и рециклирање отпад според стандардите од Американската асоцијација на филмски продуценти.


Стела“ е приказна за Шарпланинката Стела, едно момче Никола (Петар Маниќ) и еден дедо Христо (Тони Михајловски).Тие тројца со товарот на своите животи, судбински се наоѓаат, изгубени во своите приказни за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Не знаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат учејќи лекции за животот и новите почетоци.


„Понекогаш треба да се вратиме на корените, на почетокот на приказната , за да почнеме повторно од почеток. Стела е филм за нов почеток”- објаснува режисерот Стојан Вујичиќ. 

Вели дека преку Стела, Никола и Дедото Христо, ќе им се дозволи на гледачите да се свртат кон себе и да го најдат својот центар повторно.


Во филмот главните улоги ги толкуваат младата шарпланинка Стела, дванаесетгодишниот Петар Маниќ (кој за прв пат е на долгометражен филм), Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит „Парада“.

Филмот СТЕЛА е сниман на три локации - Галичник, Скопје и Штутгарт – Германија и е копродукција меѓу „Дрим Фектори“, продуцент Огнен Антов, „Акција Продукција“ од Србија (продуцент: Јована Караулиќ) и „Моуна“ од Германија (продуцент: Никол Акерман). Покрај  финансиските средства добиени од „Агенцијата за филм на Република Македонија“, филмскиот проект „Стела“ поддршка доби и од „Филмскиот центар на Србија“ и Баден Вунтеберг филмскиот фонд во Штутгарт, Германија.


Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, снимател на звукот е Срѓан Бајски, монтажер е Данчо Стефков , а сценограф Влатко Зафирковски.

Премиерата е закажана месец Март 2020 година.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција