Добивај вести на Viber
Американскиот оператор за електронски платежни картички Виза во четвртиот квартал од својата фискална година оствари профит кој беше поголем од очекувањата на Волстрит, благодарение на работењето во странство, стои во соопштението. Од тромесечјето од јули до крајот на септември Виза заработи 1,7 милијарди долари, или 2,47 долари по акција, што е речиси двојно повеќе во споредба со 880 милиони долари, или 1,27 долари по акција, во истиот период лани.