19 Декември, 2025
0.0722

Вјоса Османи за скандирањата во Куманово: Косово цврсто ќе го брани достоинството на Албанците, каде и да живеат

Објавено во: Македонија 04 Август, 2025 20:02

Добивај вести на Viber

Косовската претседателка Вјоса Османи реагира на антиалбанските скандирања за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија, што се одржа во Куманово на 2 август. Османи изјави дека антиалбанските скандирања што се слушаат во Куманово се неприфатливи и „го нарушуваат духот на соживотот и меѓусебното почитување“.

„Албанците се автохтоно население во своја земја и заслужуваат да бидат третирани со достоинство и еднаквост, исто како и секоја друга заедница“, рече Османи.

Претседателката на Косово побара од Македонија да преземе мерки и да ги казни оние што поттикнуваат омраза.

„Ги повикуваме институциите на Северна Македонија да преземат итни мерки против организаторите на овие повици, оние што се одговорни и оние што поттикнуваат и шират омраза, осудувајќи секаков облик на говор на омраза, бранејќи ги принципите на соживот и толеранција, како основни вредности на држава што се стреми кон интеграција во ЕУ“, рече Османи.

Според неа, Косово цврсто ќе го брани достоинството на Албанците, каде и да живеат.

Обвинителството веќе повикало лица на разговор за скандирањата. 

фото Фејсбук/Вјоса Османи

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот