19 Декември, 2025
0.0405

ВКЛУЧИ СЕ ЗА СРЕЌА, ИГРАЈ ОНЛАЈН ЛОТО 7 И ЏОКЕР #СедиСиДома

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2020 14:55

Добивај вести на Viber

Државна лотарија, од денес, со кампања „300 + 100“ за поддршка на онлајн учество во игрите на среќа Лото7 и Џокер

Државна лотарија, се придружува кон апелот за останување дома и за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, подготви дополнителна мотивација за учество во овие игри на среќа преку веб страната www.loto.mk.

Од денес, сите  онлајн учесници во игрите Лото 7 и Џокер, за секојa уплата од (најмалку) 300 денари за игра во тековно коло, ќе добијат 100 денари – БОНУС промо ваучер.

Правото на стекнување бонус  од 100 денари учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, коишто учествуваат преку веб страната www.loto.mk,го остваруваат еднократно во тековното коло, односно, од една корисничка сметка во едно коло може да се оствари само еден бонус – промо ваучер од 100 денари.  Во текот на кампањата, еден учесник од својот кориснички профил, по уплатени и одиграни најмалку 300,00 денари, преку веб страната www.loto.mk,  може да добие по еден бонус за секое одиграно коло,  коишто ќе ги користи за игра во следно коло.

Кампањата, којашто ќе трае еден месец,започнува во април - роденденскиот месец на игрите на среќа на Државна лотарија, а по повод одбележување на 10 години приредување игри на среќа.

Онлајн уплатата за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер се одвива преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и онлај исплата за сите видови добивки, освен за премиите за  Лото 7-ка и Џокер со 6 погодоци. Минималниот депозит за игра изнесува 300 денари коишто играчот ги уплаќа на свој кориснички профил од платежна картичка. Корисничкиот профил ги чува податоците, историјатот на игри и добивки, омилените комбинации, како и средствата од добивките коишто учесникот може да ги префрли на трансакциска сметка или да ги користи за игра.

Сега, кога е важно да седиме дома и да избегнуваме излегување и гужви на продажни места, Државна лотарија потсетува дека онлајн учеството во Лото 7 и Џокер е забавна можност да се дојде до големи добивки.

Во тек е уплатата за коло 31 од игрите на среќа Лото 7 и Џокер, коешто носи премија за Лото 7 над 23.000.000 денари и Џокер премија над 600.000 денари.

Среќните броеви може да го направат домот уште посреќно место, затоа вклучи се за среќа, играј онлајн Лото 7 и Џокер, #СедиСиДома идобиј 100 денари – БОНУС промо ваучер за повеќе игра и повеќе можности за добивка.
За помош при регистрирање или други потребни информации, тука е тимот на нашиот контакт центар - на бројот 02 323 7777 и на вибер бројот 076 313 052.


Државна лотарија


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка