ВКУПНО 17 ЛИЦА ЗАТРУЕНИ ВО ШТИПСКАТА СЕНДВИЧАРА - открена Салмонела, испитувањата се уште траат
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2025 11:20
Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница.
Епидемилиогот, Светлана Живкова изјави дека до денеска биле регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за дополнителни двајца ученици и вработени во штипското училиште.
- До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова.
Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.
Претходно беше објавена веста дека сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација.
Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвич со пилешки стек и пржени компири.
Повеќе на темата:ПО ДОБИЕНА ПРИЈАВА: АХВ затвори сендвичара во Штип, можно е труење со храна
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




