10 Јуни, 2023
0.0239

Влада: Европарламентарците изгласаа 100 милиони евра помош за Македонија

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Владата соопшти дека европарламентарците изгласале одобрување на 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши. Владата го поздрави одобрувањето како, што велат од таму, уште еден пример за партнерство со ЕУ.

Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент треба наскоро да бидат ставени на располагање и ќе следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Македонија и Европската Унија. 

„Макрофинансиската помош е условена со доброто владеење и управување со јавните финансии, односно самиот инструмент е поврзан со имплементацијата на политики поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем, јавно-приватни партнерства, подобрување на деловната околина, фискалната транспарентност, транспарентноста во доделување на државна помош, енергетска ефикасност, реформи во правосудството, како и борбата против корупцијата. Предвид се зема и Инструментот за претпазливост и ликвидност кој Министерството за финансии минатата година го обезбеди преку ММФ, а кој Фондот го има само со земји со здрави економски фундаменти“, соопшти Владата.


Можеби ќе ве интересира

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати