19 Декември, 2025
0.0495

Влада: Тендерот за хортикултурно одржување и уредување се однесува за 20 државни објекти низ целата држава

Објавено во: Македонија 22 Август, 2018 18:27

Добивај вести на Viber

Од Владата информираат дека тендерот за хортикултурно одржување и уредување се однесува за 20 државни објекти низ целата држава, за површина од 133.654 м2 и опфаќа период од 3 години. 

Велат дека станува збор за набавка која опфаќа период од 3 години и помеѓу другото предвидува ангажман на 25 лица, а се однесува на набавка на услуги за точно 20 објекти во државна сопственост (табела 1).

„Сметаме дека информациите пласирани во јавноста од одредени медиуми во кои се наведува дека се работи за „набавка на цвеќе„ се целосно погрешна интерпретација на техничката спецификација и далеку од вистинити“ - додаваат од Владата. 

Табела 1: објекти во прилог со големина на површините кои треба да бидат хортикултурно одржувани.

Во тендерската спецификација дополнително јасно наведено кои се услуги се набавуваат, со цел јавноста да биде целосно информирана ги наведуваме:

Секојдневно одржување и уредување континуирано и во најкраток можен рок ќе се врши отстранување на настанатите ситуации кои настануваат во текот на одржувањето.

Редовно одржување на садници и обновување со нови, саксиски растенија, жардињери и сезонски расад, наводнување, заштита од штетници, ѓубрење, прихранување, окопување, плевење, кроење, фрлање на откроените гранки, мулчирање и сл.

Целосна замена на исушени и оштетени садници, саксиски растенија, сезонски расад, украсни грмушки, дрва и трева до 100% од вкупниот број на садници и површината под трева.

Редовно одржување на тревни површини - косење трева, фрлање на откос, наводнување, прихранување, плевење, собирање на отпадоци и листови од тревни површини и сл.

Сечење на грмушки, кроење на грмушки и други садници, кроење и сечење на гранки, кастрење на жива ограда и обликување, тресење на грмушки и дрва од снег.

Сечење и отстранување на зеленило по ивици, агли и помеѓу фуги на патеки, плато и други површини.

Изнесување на откосот, гранките и друг отпад кој е производ од хортикултурното одржување и уредување, надвор од објектот на локација предвидена за таков вид намена.

Поправка и одржување на постоечки систем за наводнување во објектот Вила 1 (цевна инсталација, вентили, прскалки, електрична инсталација, шахти, капаци, ел. магнетни вентили, мануелно и управување со тајмер, автоматика итн.)

Набавката е јавно објавена на транспарентен начин, а јавноста ќе биде соодветно информирана по завршување на целата постапка за истата.

Овој вид на набавка не е воопшто нов, туку станува збор за набавка која се прави со години наназад, а услугите биле дел од тоа што на јавноста и е познато како „Секјуриком тендер„ во кој биле споени четири различни набави односно покрај хортикултурно уредување содржела и хигиена и чистење како и обезбедување на објекти. Службата за општи и заеднички работи со раздвојување на набавките прави оптимално и домаќинско користење на буџетот кој го има на располагање. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот