Владата бара време за црвената нафта, Макпетрол побрзо решение
Објавено во: Економија 21 Мај, 2020
Анализите готови, ама нема конкретни информации како и кога дравата ќе се заземе проактивно и ќе донесе одлука со која ќе стави крај на манипулациите и злоупотребите со екстралесното масло за домаќинство кое како поевтино се користи како дизел за транспорт. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска потврди дека допрва ќе се носат системски решенија. Не се знае зошто се губи толку време кога и државата губи пари од овие малверзации. Од „Макпетрол“ за Фактор велат дека тоа решение мора да се донесе во најкус можен рок затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на државата. Фактор веќе пишуваше дека Стопанската комора, но и познавачите побараа изедначување на акцизата на ЕЛ-1 со таа на дизелот или зголемување на оваа давачка за девет денари. Иако Министерството за финансии најави дека прави анализи пред речиси еден месец, дури сега министерката вели дека се готови ама нема најави за конкретни промени
„Анализата за акцизата на екстра лесното гориво е изработена од Царинската управа и очекуваме во текот на следната недела да имаме заеднички состанок и да ги погледнеме резултатите и од таму да преземеме соодветни чекори за системски решенија, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
„Неизедначувањето на екстралесното гориво со дизелот ги оштетува граѓаните, Државата и компаниите кои работат со нафта и нафтени деривати. Граѓаните ќе продолжат да користат неквалитетно гориво кое содржи стопати повеќе штетни материи, државата ќе има помалку средства во буџетот, а дистрибутерите ќе бидат оштетени поради можноста за шверц. Дополнително, зачудува фактот што државата продолжува да се задолжува со дополнителни средства со цел да обезбеди средства за спасување на економијата, а притоа не покажува интерес и желба, преку регулација на пазарот, да ги наплати давачките кои и следуваат, велат од Макпетрол.
Додаваат и дека изедначувањето на акцизата на екстралесното гориво со дизелот ќе овозможи контрола на квалитетот на горивото што се користи, ќе оневозможи злоупотреба, а на граѓаните ќе им го заштити здравјето, со користење гориво според европските стандарди. Тврдат дека единствени кои профитираат од оваа недоречена состојба се оние кои прават злоупотреба со екстралесното гориво.
И министерот за економија Крешник Бектеши денеска не одговори конкретно кога може да се донесе ваква одлука. Потенцираше дека тоа треба да се направи по опсежни анализи со сите податоци.
„Сите иснтитуции работат експедитивно се со цел да имаме одлука, каде што сите што користат и моментално екстра лесно да бидат известени навреме. Како што знаете екстра лесното може да се користи само од октомври до април, а во текот на другите месеци нема право и со постоечките законски решенија да се користи, изјави Бектеши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.