Владата ги слушна граѓаните, сега ќе разгледува кои се најдобрите идеи !?
Објавено во: Економија 22 Декември, 2012 18:02
Поолем број граѓани денеска се упатија кон Владата Владата на Реублика Македонија, за им ги презентираат своите проекти и идеи лично на премиерот и на неговите министрите за време на отворениот „Ден на идеи“.
Некои влегоа без проблем, на други не им беше дозволени, поради тоа што немале соодветни чевли, или поради тоа што се немале претходно телефонски пријавено за учество.
„Ние сме задоволни од големиот интерес на граѓаните. Освен во Владата, „Денот на идеи“ се одржува и во сите поголеми населени места во Република Македонија, на централните градски плоштади. Според информациите, досега има поголем број на идеи кои граѓаните ги даваат, како и изминатите години“, рече Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, кој појасни дека ова е една од оние манифестации кои ги применува Владата со цел да се постигне кохезија, соработка меѓу народот и институциите на државата, да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.Презентираните идеите денеска треба да бидат собрани и испратени до институциите на кои се однесуваат, појасни Ѓорѓиев.
„Потоа во рок од две недели, самите институции треба да направат проекти врз основа на идеите кои се прифатливи, согласно нивните ингеренции, можности и финансиските потенцијали на државата и да ги вратат до Кабинетот на премиерот. Финалната листа од прифатените идеи треба да биде доставена во рок од една седмица на седница на Влада и Владата да формулира конкретни политики и проекти врз основа на овие идеи“, рече Ѓорѓиев.
Тој додаде дека се очекува Владата да расправа по однос на идеите коишто се добиени од граѓаните околу средината на јануари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





