29 Јуни, 2024
0.0295

Владата им најде чаре на неактивните фирми

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Сите содружници, управители и членови на органи на управување кај кои  од страна на државата е почната постапка за бришење на фирма од Централниот регистар во наредните три години нема да имаат право да основаат фирма. Оваа одредба се предвидува во последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва што Владата ги усвои пред една недела и веќе ги достави во собраниска процедура. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, ваквото решение треба да го реши проблемот со многу трговци поединци кои основале фирми и немале никаква активност, а  не поднесувале барање фирмите да бидат затворени поради што беа евидентирани како неактивни фирми. „Бројот на неактивни фирми изнесуваше над 20.000 и ни правеше проблем во извештаите на Светска банака и во другите извештаи за Република Македонија да се рангира повисоко. Со измените трговецот поединец што нема да поднесе барање во Централен регистар за да се избрише неактивна фирма и доколку е потребно државата да го направи тоа, нема да има право три години да основа ново друштво. Покрај тоа, нема да имаат право да бидат управители, ниту, пак, членови на управување на некој орган“, прецизира Сарачини. Според него, измените во Законот за трговски друштва се во насока на подобрување на општата бизнис клима во земјава и се работени по насоките на извештајот од Светска банка со цел Македонија повисоко да биде рангирана во делот на правење бизнис. Со новите одредби се предвидува секој трговец поединец веќе да нема обврска физички да пријави или да основа фирма, туку тоа да може да го направи по електронски пат за само четири часа и без никакви трошоци. Измените предвидуваат и содружниците во друштвата кои должат по основа на неплатени даноци, царини или други продонеси да не можат да купуваат или да продаваат удели на некој друг.

Можеби ќе ве интересира

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед