Владата ќе потроши 52.000 евра за нов стилски мебел!
Објавено во: Економија, Финансии 22 Јануари, 2016 12:12
Во стилот на Луј XV и 30-тите години Владата ќе се подновува со нов мебел.
Како што пренесува Вест, а е објавено на страницата на Бирото за јавни набавки Владата распишала оглас и ќе набавува мебел и на теписи за владината зграда.
За таа цел се планира да се потрошат 52.000 евра.
Според тендерската спецификација, како мебел за одмор треба да се набави една маса, со можност за пуштање, во француски стил од периодот на Луј XV . Тоа е француски рококо стил од првата половина на 18 век, поточно од 1720 до 1760 година. Во огласот се нагласува дека ногарките треба да се изработени од масивно дрво, со карактеристична горна заоблена и исфрлена кон надвор форма во истиот стил. За масата ќе се набават и 12 столови кои треба да бидат во стилот на '30-тите години, иако не е точно наведено на кој век се мисли. Како мебел за одмор ќе се купуваат и аголна гарнитура, фотелја и клуб-маса во модерен стил , пишува Вест.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





