17 Декември, 2025
0.0875

Владата ќе го развива ловниот туризам – ќе даде под концесија 32 ловишта

Објавено во: Економија 06 Август, 2013 14:17

Добивај вести на Viber

Со цел да се развие ловниот туризам, Владата одлучи да даде под концесија 32 од вкупно 256 ловишта колку што ги има во земјата. Идните концесионерите, паралелно со стопанисувањето со ловиштата ќе треба да изградат сместувачки и угостителски капацитети и да се обидат да привлечат поголем број туристи, информира денеска владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Тендерот треба да се распише до почетокот на септември, а целокупната постапка да заврши за 150 дена.

„Ловиштата ќе се даваат под концесија за период од 10 години, а почетната цена за наддавањето кое ќе се случи на крајот на септември е утврдена на еден до три милиони денари во зависност од атрактивноста на ловиштата“ појасни Ѓорѓиев.

Право на учество имаат сите правни субјекти кои во својот профил имаат и ставка „ловство“.

„Субјектот кој на јавно наддавање ќе понуди највисока цена во рок од 60 дена треба да достави доказ за техничката опрема која ја поседува, како и за планови и визии за развој на ловиштата и нивно промовирање како туристички капацитети“, рече Ѓорѓиев.

До крајот на октомври се очекува да бидат доделени и првите концесии.

По завршувањето на овој тендер ќе се распише и нов за давање под концесија на уште 24 ловишта кои досега немале концесионер.

„Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да ја искористат оваа можност. Таа има соодветна бизнис логика и нуди опции за остварување на профит, затоа што покрај основната дејност која значи одгледување на дивечот, негово одржување на предвидено ниво во бројност, грижа за дивечот и слично, се нудат и опции за воспоставување на дополнителни економско-стопански содржини во ловиштата или во нивна непосредна близина од типот на сместувачки објекти, угостителски објекти и други содржини во функција на развој на ловниот туризам“, нагласи Ѓорѓиев.

Во Македонија во моментов работат 204 ловишта кои ги исполнуваат условите кои претходно биле поставени.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас