13 Мај, 2024
0.0300

ВЛАДАТА ЌЕ ИНКАСИРА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДИВИДЕНДА – еве како ќе се распредели добивката од „Македонски телеком“

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Домашниот телекомуникациски гигант, „Македонски телеком“, преку Берзата објави дека добивката што компанијата ја остварила во минатата година, ќе биде распределена за бруто дивиденда.

Станува збор за сума од 1,67 милијарди денари, или прецизно 1.667.793.739 денари, или изразено во евра, станува збор за 27,12 милиони евра.

Со оглед дека македонската Влада во Телеком поседува 34,81 отсто од акциите, значи дека таа има право на дивиденда во бруто износ од 9,45 милиони евра.

Додека, пак, како што е познато, акционерското друштво за деловен менаџмент и други консултантски услуги „Камени мост комуникации“, поседува 51 отсто од акциите на оваа телекомуникациска компанија, односно управувачкиот пакет. Со оглед на својот процент, излегува дека „Каменимост комуникации“ ќе има дел од дивидендата од 13,8 милиони евра.

Самиот „Телеком“, пак, поседува 10 отсто од обичните акции на компанијата.

Инаку, одлуката за распределба на добивката ја донело Собранието на акционери на компанијата на својата вчерашна седница.

„Собранието на друштвото ја распоредува нето добивката остварена по финансиските извештаи на друштвото за 2022 годиона во согласност со усвоените меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во Службен весник, во износ 1.667.793.739 денари, за исплата на бруто дивиденда во која се вклучени сите даноци, доколку е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно важечката даночна регулатива во РСМ на датумот на исплата“, се вели во објавата.

Во одлуката за дивидендниот календар се вели дека Собранието на друштвото ја одобрува исплатата на дивидендата за 2022 година, кој согласно одлуката за распоредување на нето добивката на друштвото претставува нето добивка остварена по финансиските извештаи на друштвото за ланската година.

Бруто износот на дивидендата по акција е 19,34 денари.

Друштвото од бруто износот на дивидендата, доколку е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци согласно важечката даночна регулатива.

„Датумот на пресек на акционерска книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2022 година е 14 јули годинава. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 12 јули, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 13 јули годинава. Исплатата на дивидендата за 2022 година ќе се изврши до 30 септември годинава“, се вели во објавата за дивидендниот календар.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила