19 Декември, 2025
0.0424

Владата му ја одзеде реконструираната сала „Партизан“ на општина Карпош

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2025 13:10

Добивај вести на Viber

Општина Карпош информираше дека Владата донела „Одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за спорт“ со која и е одземена реконструираната сала „Партизан“.
Советниците се спротивставиле на оваа одлука и со 14 гласови за и 7 против, Советот на Општина Карпош го изгласал Заклучок за спротивставување на владината одлука за одземање на надлежноста над „Наум Наумовски Борче“,позната порано како „Партизан“,  која беше дадена во трајно владение на локалната самоуправа..
Градоначалникот Стевче Јакимовски рече дека Владата ја донела оваа Одлука без никакво образложение и дека од 2019 во Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ, спортската сала „Партизан“ е впишана дека и е дадена на трајно користење на Општина Карпош.

Од Општина Карпош соопштија дека од таму веќе потрошиле 4 милиони денари за одржување на овој култен спортски објект и дека одредени делови од спортската сала се дадени на користење, со и без паричен надомест.

„Оттука со денешното гласање на Заклучокот, Советот на Општина Карпош особено се противи на начинот на донесување на предметната Одлука и ја оценува како штетна, донесена без консултација и без претходно побарано мислење од Општината. Во таа насока, Советот како орган на Општината ги задолжува стручните служби на локалната самоуправа и градоначалникот Јакимовски, да поведат понатамошна постапка пред надлежните органи“, извести општината.

Спортската сала „Наум Наумовски – Борче”, поранешна сала „Партизан” во Општина Карпош е целосно реконструирана и официјално отворена од последните денови на 2023. Дотогаш речиси  20 години претставуваше руина во овој дел од главниот град. 

Салата во 2005 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали беше дадена под концесија на 30 години на фирмата „Сенгруп“. Но, наместо да ја заживее, салата целосно пропадна, беше разурната, запалена, искршена, затрупана со бетон, цигли, ѓубре, шут, стакло и наликуваше дека во секој момент може да се урне.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните