Владата на Романија донесе уредба која овозможува преземање на Лукоил
Објавено во: Економија 03 Декември, 2025 08:38
Романската коалициска влада одобри уредба која овозможува преземање на локалниот имот на компаниите кои се под меѓународни санкции, како што е руски Лукоил.
Лукоил во Романија има 320 бензински пумпи, управува со третата по големина рафинерија во земјата и поседува права на офшор истражувања во дел од Црното Море.
Рафинеријата, која обезбедува околу една четвртина од романското гориво, е затворена со недели поради одржување. Локални функционери изјавиле дека членката на Европската унија има доволни резерви за да се избегне скок на цените што би можел дополнително да ја влоши инфлацијата, која во моментов е највисока во ЕУ.
Според уредбата, Владата може да назначи специјални администратори во компаниите доколку санкциите ги нарушат економските сектори, предизвикаат пораст на цените или ја загрозат енергетската безбедност. Претходно одобрение од Романскиот врховен одбранбен совет е задолжително.
Оваа мерка е слична на законот што минатиот месец го донесе соседна Бугарија за да ја преземе рафинеријата Нефтохим на Лукоил, иако сè уште не е јасно дали Романија ќе ги искористи новите овластувања, пишуваат светските агенции.
Премиерот Илије Боложан изјави дека кабинетот овој месец ќе одлучи дали ќе ги преземе локалните бензински пумпи на Лукоил.
Министерот за енергетика Богдан Иван минатиот месец рече дека три компании преговараат директно со Лукоил за купување на неговиот романски имот.
Уредбата, исто така, ѝ овозможува на Романија да ги преземе правата на Лукоил за истражување во дел од Црното Море. Лиценцата за истражување на Лукоил истекува во првата половина на 2026 година. Два извори од Министерството за енергетика изјавиле дека првичните резултати од дупчењето не укажале на значителни наоѓалишта на гас. ј
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





